ДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?
2ДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?
Шоу бизСем Мендез снима четири филма за „Битлси“Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлс“ - по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот. Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности. - Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата. Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураПијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг СонгВо црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик Мерле. Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко, „Висеу“, на натпреварот во Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин. Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи низ целиот свет, и тоа во: Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“ во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В. Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија. Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Мерцедес - Бенз“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите?Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија.Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, во период кога Недим Рама веќе ја извршувал функцијата директор на НОМАГАС. Затоа денес бараме конкретни одговори: Со кои пари Недим Рама купувал акции во странски компании додека бил директор на НОМАГАС? Колку конкретно инвестирал во Mercedes-Benz Group AG? Од која сметка се префрлени средствата? Кое е потеклото на капиталот? Дали овие инвестиции биле пријавени во законскиот рок? И дали постојат други инвестиции во странство кои сè уште не се пријавени пред јавноста? Ова не се приватни прашања. Недим Рама раководи со стратешка државна компанија и секое позначително зголемување на имотот на јавен функционер за време на неговиот мандат мора да има јасно и проверливо потекло. Затоа бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата да го провери потеклото на средствата, датумот на купување, вредноста на инвестициите и времето на пријавување на акциите на Недим Рама. Недим Рама треба да излезе пред јавноста и да објасни од каде се парите. Прашањето е едноставно: Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“ и други меѓународни компании?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЗабаваКристијано Роналдо и Георгина Родригез тајно се венчалеНајплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка, бујната Георгина Родригез се венчале во тајност ѝ се и објавија на целата светска јавност преку објавување на само една фотографија.Кристијано и Георгина официјално стапија во брак. Иако се очекуваше деталите за нивната свадба да протечат во јавноста, тие успеаја сè да сокријат и да објават само една фотографија, која откри дека се сопружници. Роналдо и Георгина се во врска повеќе од една деценија, а пред тоа, од 2010 до 2015 година, Португалецот беше во врска со руската манекенка Ирина Шајк. „CR7“ и аргентинско-шпанската инфлуенсерка заедно добија две ќерки, Алана Мартина (2017) и Бела Есмералда (2022), а заедно се грижат и за уште три деца – Кристијано Роналдо Џуниор (2010) и близнаците Ева Марија и Матео (2017), кои Роналдо ги доби со помош на сурогат-мајки. Роналдо и Георгина се свршени од 2018 година, а сега стапија во брак што сигурно ќе привлекува огромно медиумско внимание секојдневно, исто како и секој нивен потег. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook