Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Шоу бизСелин Дион и нејзината борба со тешката болест наскоро во документарен филм Документарниот филм за една од најпознатите пејачки на сите времиња доаѓа на Амазон.Документарецот наречен I Am: Celine Dion, во режија на Ајрин Тејлор, ќе биде достапен за гледање на Prime Video, но засега не е познато кога. Документарниот филм содржи материјал кој се снимал година и пол. Покрај нејзината кариера, ја прикажува и битката на Дион со синдромот на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување кое влијае на мозокот и 'рбетниот мозок, пишува Variety. Болеста речиси го запре животот и перформансите на Селин Дион. Пејачката се надева дека документарниот филм „ќе ја подигне свеста за оваа малку позната состојба“. Таа објаснила зошто решила да го сними во овој момент од нејзиниот живот. „Последниве неколку години беа предизвик за мене, патување од откривањето на мојата болест до учење како да живеам со неа и да се справам со неа, но не дозволувам таа да ме дефинира“, рече таа во изјавата. Таа додаде дека сфатила колку ѝ недостигаат нејзините фанови. „Сфатив колку ми недостига да ги видам моите обожаватели. Решив дека сакам да го документирам овој дел од мојот живот за да им помогнам на другите со оваа дијагноза“, пренесува Variety. Емитувањето на документарецот го коментираше и Џенифер Салке, шеф на студиото Амазон МГМ. „Овој документарец е сурова, интимна приказна за клучниот период во нејзиниот живот и кариера“, рече Салке. Да потсетиме, Селин Дион на крајот на 2022 година откри дека боледува од синдром на вкочанета личност. Таа ја открила веста со емотивно видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм, а состојбата ѝ се влоши последните месеци, па повеќе не излегува во јавност. Пејачката поради болест го откажа европскиот дел од турнејата Courage.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Родри – светски шампион на лет на „ниско буџетна авио компанијата Капитенот на светскиот фудбалски шампион Шпанија, Родри дефинитовно не е опседнат со луксуз како многу од фудбалерите, тоа го покажа при враќањето од Шпанија во Манчестер.Скромниот светски шампион со Шпанија и ѕвезда на Манчестер Сити е снимен како чека во ред за пријавување на летот на аеродромот во Мадрид, од каде што патувал за Ливерпул. Тој не изнајмил приватен авион ниту си обезбедил некаков вид ВИП-транспорт – како што тоа го прават многу фудбалери од негов ранг – туку, како и секој обичен смртник, застана во редот пред шалтерот, онаму каде што одат сите патници пред полетувањето. Guys... why is Rodri getting on our Ryanair flight?? pic.twitter.com/QKC3W9xnQU — Emily Brobyn (@kippaxgirlemily) August 13, 2026 На истиот лет со Родри била и новинарката на Би-би-си, Емили Бробин, која сподели снимки и фотографии од шпанскиот фудбалер на аеродромот. Ова не е неочекувано од Родри, кого славата и парите не го промениле . Оние што го познаваат велат дека Родри е сè уште истиот оној Родри што бил и пред големиот подем во кариерата. Се разбира, глетката на фудбалер кој може да си дозволи сопствен авион, а сепак стои во ред со обичните луѓе, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Покрај тоа што со недели е во центарот на вниманието поради успехот со Шпанија, Родри веќе неколку дена е тема на европските спортски портали поради можниот трансфер во Барселона. Според последните информации, играчот постигнал договор со Каталонците, но трансферот моментално е „закочен“ од Сити, кој бара повеќе пари за „слободата“ на својот фудбалер.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветНАТО собори дрон над Летонија, воздушна тревога во региони покрај РусијаБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало што рано утрово навлезе во воздушниот простор на Летонија.Инцидентот се случил во регионот балви, на североистокот на земјата, а вооружените сили по интервенцијата соопштија дека воздушната закана е завршена. Пред соборувањето бил прогласен портокалов степен на воздушна тревога во неколку области во источна Летонија. Жителите добиле предупредување преку мобилните телефони, а околу еден час подоцна тревогата била укината. Армијата засега не го објави потеклото ниту типот на дронот. Познато е дека леталото било соборено на релативно голема височина, поради што остатоците може да бидат расфрлани на поширок простор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како МицкоскиТаман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе. Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се демантираат. Интересно. Да погледнеме какви изјави на Муцунски објавија медиумите пред 10 дена на 3 август. „Има разговори под радарот за деблокада на ЕУ интеграциите“, „Се водат разговори под радарот за деблокирање на европскиот пат“ „Се водат разговори под радарот за деблокирање на Македонија“. Три наслови. Различни медиуми. Ист лик, ист лажго - Тимчо Муцунски. После 10 дена му текна да се демантира самиот себе и да каже дека СДСМ лажат. Не он. И затоа денес кога ја држиме оваа прес-конференција за јавноста да се увери кој всушност ја откри новата стратегија и новиот проект на Влавата на Мицкоски. Значи не се работи за никакво премолчување, не се работи, се разбира што се однесува до Муцунски за некаков демант, едноставно е фатен во лага. Тоа е позната шема која што веќе ја видовме, но интересно е што сега Муцуцки се јавува во оваа улога. Откако ја среди состојбата во општина Аеродром, откако ја среди нашата дипломатија, ја среди состојбата во МНР, сега му дале задача да се занимава со домашната политика. И сега ќе се заканува на опозицијата, на граѓаните, дека шират паника. Ова нас во СДСМ ни е многу добро познато. Ние веќе ги видовме сите урнеци, сите типови на декрети по урнекот на Хитлер против слободата на говорот. И кога ние ја информиравме јавноста за труењето во Гостивар и дека на 50 места едноставно нема податоци дали водата за пиење и дали воопшто може да се користи макар како техничка, сега гледаме дека доцнат и со западно-нилската треска, повторно се закануваат, повторно истата шема. Да се потсетиме дека Мицкоски од собраниската говорница нарачуваше процеси против опозицијата и така натаму. Ги навредуваат и понатаму граѓаните со „талог“, ја навредуваат и понатаму опозицијата, продолжуваат со истата реторика која што секако нема да им помине. Сакам да им порачам - немаат аргументи, немаат резултати, немаат одговор на ниту едно прашање. Има само афери и има само лаги. На крај, сакам многу отворено да ги прашам, дали мислат или дали некој во ВМРО смета дека нас во СДСМ ќе не заплашат со вакви закани? Дали сметат дека народот ќе го заплашат? Зарем не гледат дека македонскиот народ не можат да го замолчат. Зарем не гледаат дека народот се буди. Народот ги прочита. Народот веќе не им верува. Сакам да им порачам дека ќе одговарат за сите лаги и за сите афери. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00