Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни - Канал 5

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според најавите на УХМР во текот на денов не очекува облачно  време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. 

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

1 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Лазарополе, 5 Крушево, 6 Крива Паланка, Берово, 7 Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Тетово, Прилеп, 9 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 10 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 11 Струмица, 13 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

50 Демир Капија, 45 Гевгелија, 43 Попова Шапка, 38 Крушево, 34 Струмица, 27 Кавадарци, 24 Берово, 20 Скопје-Петровец, Битола, 17 Штип, Виница, 16 Претор, Прилеп, 15 Тетово, Велес, 13 Охрид, 12 Скопје-Зајчев Рид, 10 Лазарополе, 8 Крива Паланка, Куманово.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари.

Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид.

Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења.

На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација.

Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера.

Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки.

Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал.

Двојните аршини на СДС нема да поминат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер