Селена Гомез и Мајли Сајрус објавија нови песни, веднаш станаа хитови (ВИДЕО) - Канал 5

Селена Гомез и Мајли Сајрус објавија нови песни, веднаш станаа хитови (ВИДЕО)

Двете големи поп ѕвезди објавија нови песни кои соборуваат рекорди.

Селена Гомез и Мајли Сајрус објавија нови песни, веднаш станаа хитови (ВИДЕО)

Хитовите Single Soon од Селена Гомез и Used To Be Young од Мајли Сајрус моментално се на врвот на топ листите ширум светот.

Сајрус го претстави својот најнов сингл „Used To Be Young“ кој се чини дека е дел од нејзиниот неодамнешен албум „Bendless Summer Vacation“. Во емотивната песна Мајли се присетува на смелите моменти од нејзината младост.

Новиот хит на Селена ги воодушеви обожавателите бидејќи е нејзина прва соло песна по три години и прва од нејзиниот претстоен нов албум.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан.

Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура

Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.

Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер