Сексот на Кајли Миног во авион ќе биде прикажан на ТВ

Кајли Миног во деведесеттите се забавувала со фронтменот на INXS Мајкл Хачинс. Една од нивните „љубовни епизоди“ во авион ќе биде прикажана на телевизија!

Но, нема да ја видиме Кајли туку актерката Саманта Џад која во серијата за култната група ќе настапи во улогата на Кајли.

Наводно, тогаш главната „мисија“ на Мајкл била да „ја расипе“ Кајли и често пати имале секс во авион.

Менаџерот на кајли се распрашувал како ќе изгледа сцената - не можат да влијаат но би сакале тоа да биде прикажано со стил!

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

притисни ентер