Секси продавница доби предупредување од Пентагон: Не им испраќајте веќе играчки на нашите војници (ВИДЕО) - Канал 5

Секси продавница доби предупредување од Пентагон: Не им испраќајте веќе играчки на нашите војници (ВИДЕО)

Чудна пошта пристигна во продавницата за секс играчки „Бонџибон“ во Торонто, а доаѓа од самиот Пентагон.

Секси продавница доби предупредување од Пентагон: Не им испраќајте веќе играчки на нашите војници (ВИДЕО)

Внатре во вратените пакети со производи за возрасни кои некако завршиле во американската поморска база во Бахреин, биле пронајдени не едно, туку две писма од Министерството за војна на САД, објави „CTV News Toronto“.

Писмата пристигнале во текот на летото, со разлика од околу еден месец, се присетила со насмевка Грејс Бенет, коосновач на компанијата.

„Не знаевме ни дека производот ќе оди во Бахреин сè додека не ни се врати неколку месеци подоцна, и тоа некако го откри целиот овој… урнебесен момент“, рече 34-годишната жена.

Нејзината онлајн продавница првично испорачуваше производи низ целиот свет, но сега тие главно ги опслужуваат Канада, САД, Јужна Америка, Европа и Азија поради различните закони за увоз. „Бонџибон“ исто така често испорачува до воени бази, па Бенет претпоставува дека производите биле препратени до некој стациониран во Бахреин, бидејќи нејзината компанија не испорачува директно таму.

Писмо од Пентагон

Изминатата година беше особено предизвикувачка за бизнисот на Грејс Бенет поради царините што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика пакетите речиси секојдневно да бидат задржувани на границата. Додека проверувал една од вратените пратки, менаџерот на магацинот забележал дека кутијата била отворена.

Внатре, заедно со расфрланата содржина, имало писмо со официјален печат на Министерството за одбрана на САД, кое Трамп оттогаш го преименува во Министерство за војна. Писмото било испратено од логистичкиот центар на американската морнарица во Бахреин, островска нација во Персискиот Залив.

„За време на безбедносниот преглед од страна на царината на Бахреин, во пакетот адресиран до вас беа идентификувани порнографски материјали и/или прибор. Со ова писмо ве известуваме дека вашиот пакет е вратен на испраќачот“, пишувало во меморандумот, насловен како „Производ за возрасни идентификуван за време на поштенската рендгенска инспекција“.

„Ве молиме известете го испраќачот дека порнографски материјали или прибор не се дозволени во Кралството Бахреин“.

Урнебесен епилог

Бенет не ги откри точните предмети што биле вратени, но забележа дека писмата очигледно биле наменети за купувачите, бидејќи министерството побарало од нив да го информираат Бонџибон да „престанат да испраќаат анални чепови во Бахреин“.

„Многу нè насмеа“, рече Бенет. „Ние не осудуваме, сакаме секој да нарача што сака“.

Пентагон одби да коментира за случајот и рече дека немаат „ништо да кажат“ на оваа тема. Бенет се прашува дали американските војници воопшто се информирани за тоа што можат, а што не можат да нарачаат. „Не знам зошто ми испраќаат многу лути писма во кои се вели: „Престанете да испраќате предмети што би можеле да предизвикаат телесни повреди во оваа земја“. Ова звучи како ваш проблем“, рече таа.

Според американската транспортна команда, порнографскиот материјал, вклучително и секс играчките, се строго забранети според законот на Бахреин. Министерството за внатрешни работи на Кралството Бахреин не одговорило на барањето за коментар.

Бенет вели дека клиентите се запознаени со ситуацијата и им се вратени парите. Целата ситуација, вели таа, ја забавува и ја растажува во исто време. „Жал ми е што не ја добија својата нарачка“, рече таа со смеа. За да се одбележи настанот, обете писма од Пентагон сега се врамени и изложени во канцелариите на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во Скопје

Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен  разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" 

Кривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во Скопје

Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје.

Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток.

YouTube video

Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути.

За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат.

„Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката.

Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски.

Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски.

Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму.

„И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер.

Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час.

Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. 

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија.

Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди.

„Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата.

Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер