1Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЖивотСекс скандал во американскиот Конгрес – конгресменка била во бисексуална врска со своите помошници , сопругот знаел (ФОТО)Конгресменката Кети Хил (32) била во врска и со својата женска и со својот машки помошник , а сега се појавија и фотографии.На фотографиите се гледа како конгресменката oд Калифорнија , Кети Хил позира гола и се бакнува со својата помошничка Морган Десџардинс (24) , додека држи бонг за пушење марихуана. Скандалозни фотографии на првата отворено бисексуална конгресменка од Калифорнија ги објави „Дејли меил“ ,еден ден откако беше покрената истрага против неа во врска со тврдењата дека имала секс со двајца млади асистенти, маж и жена. Shocking photos of Congresswoman Katie Hill are revealed as she's seen posing nude on 'wife sharing' sites https://t.co/HbnAWoV5Ou pic.twitter.com/MgWCRII9CM — Daily Mail US (@DailyMail) October 24, 2019 Адвокатите на младата конгресменка од партијата на Демократите побараа британскиот весник да ги отстрани контроверзните фотографии затоа што станува збор за „закана за приватноста“. Тие исто така негираа дека тетоважата на телото на конгресменката има никаква врска со нацистички симболи, пишува „Хафингтон пост“. Тоа е само продолжение на скандалот што почна откако сопругот на Кети, Кени Хеслеп, кој во моментов се разведува од неа , дозна на почетокот на годинава на Фејсбук дека жена му е во врска со колегата Греам Кели. „Отпрвин не побарав развод затоа што беше бисексуална. Само што не знаев дека таа ја направила нашата врска отворена“, напиша Хеслеп на социјалната мрежа. Во јули, сепак, тој ги предаде документите за развод. Хил ги негираше обвинувањата и тврди дека нејзиниот сопруг ја злоупотребил за време на деветгодишниот брак. „Тој реши да ме понижи заради прекинот“, вели таа. View this post on Instagram Happy anniversary to the love of my life, my partner, and my best friend. It's crazy to believe we've been in each other's lives for fourteen years and married for eight. I don't think either of us could have ever guessed where we would be now, but I know I wouldn't be here without you. Your love and support get me through the toughest challenges life throws at us, and I am so proud of the life we have built together. Grateful for every single one of our adventures together and can't wait to see where the next one takes us. I love you, babe! A post shared by Katie Hill for Congress (@katiehillforcongress) on Jun 12, 2018 at 6:35pm PDT Додека сите зборуваа за политичарката и нејзината врска со машки колега, таа потврди дека спиела со млада колешка која работела на нејзината изборна кампања во 2017 година. "За време на последната година од мојот лош брак, започнав врска. Знам дека е несоодветно, но дозволив да се случи иако не беше разумно. Се извинувам за тоа", напиша Хил на Твитер. #new #California Democrat #KatieHill admits affair, apologizes, promises to work with Ethics Committee. pic.twitter.com/SZPXKGkEVl — Kevin Corke (@kevincorke) October 24, 2019 Интересно е што лезбејската врска на сопругата на Хеслеп, која траеше повеќе од една година, не му пречеше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42