Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
1Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ФудбалСекс скандал бил причина за вчерашниот дебакл на ТотенхемВчера Тотенхем доживеа вистински дебакл од Бајерн и историски пораз од 2:7 .Тотенхем стана првиот англиски тим што доби седум гола на европските натпреварувања од јули 1995 година. Тогаш тимот сериозно претрпе и од германскиот тим Келн, кој славеше со 8: 0 - и против Баварците го доживеаја најлошиот европски пораз во 137 години од постоењето на клубот. "Немам многу да кажам. Првите 30 минути беа навистина добри, имавме голем притисок, но несреќно добивме шут во последната минута од првото полувреме. Разочарани сме, но мора да излеземе од тоа. Не е лесно, но мора да го прифатиме овој пораз и да продолжиме понатаму “, рече Маурисио Покетино, чиј тим во групата Б во Лигата на шампиони има само еден бод колку и Олимпијакос, а пред нив е Црвена звезда со три и водечки Баерн со шест бода. Сепак, не само што Тотенхем има проблеми на теренот, туку и надвор. Според англиските медиуми, дефанзивецот Јан Вертонген е во врска со сопругата на Кристијан Ериксен, предизвикувајќи вистински скандал во соблекувалната, а Хари Кејн наводно се справил со дефанзивецот и го удрил. На Вертонхен му истекува договорот на крајот на сезоната, исто како и на Ериксен. 🔥Tottenham'ın Danimarkalı yıldızı Christian Eriksen, eşini takım arkadaşı olan Jan Vertonghen'le birlikte yakaladı. Vertonghen'i döven Eriksen, Tottenham'dan ve İngiltere'den ayrılma kararı aldı. pic.twitter.com/NfyD2zPuPA — Futboll Club (@futboll_club) October 2, 2019 Сето ова потсетува на познатата ситуација во Челси, кога Ванеса Перонсел ја изневеруваше својот сопруг Вејн Бриџ со неговиот тимски колега Џон Тери. Исто така, има и пример за Мауро Икарди, кој му ја украде на својот тогашен пријател Макси Лопез неговата сопруга Ванда Нару, со која денес е во брак и е негов менаџер. Поделбата кај Тотенхем би можела да заврши во бркање на некои играчи, но и тренерот Покетино, кој важи за фаворит на клупата на Реал Мадрид, доколку Зинедин Зидан биде отпуштен од работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБаталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицатаДенес, во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележаа 11 Ноември – Денот на единицата.На денешната свеченост присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик- министерот за одбрана Адмир Шабани, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на единиците во составот на Армијата, претставници од Сојузот на борците, како и голем број поранешни припадници на Баталјонот за почести. По тој повод пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Баталјонот за почести потполковник Игор Милчов. Началникот на Генералштабот на Армијата во своето обраќање истакна дека Баталјонот има одговорна мисија која директно ги претставува угледот и авторитетот на Армијата, институционалниот и националниот идентитет на татковината. Потсетувајќи на историските корени од Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата гардиска бригада, началникот порача дека традицијата се одржува преку личен пример и врвен професионализам. „Вашата мисија не остава простор за импровизација, ниту дозволува компромис со квалитетот. Во вашата служба нема мала или голема задача – беспрекорноста мора да биде ваш секојдневен професионален стандард“, нагласи началникот на Генералштабот. Упатувајќи признание до припадниците на Баталјонот за почести, за нивната улога во афирмацијата на Армијата и државата, им го честиташе празникот и им порача гардиските вредности – чест, храброст и посветеност, заедно со мотото „Lux Aeterna“ (Вечна Светлина), да продолжат да бидат нивен водич во службата. Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Игор Милчов, се осврна на реализираните задачи во изминатиот период, меѓу кои официјалните пречекувања со највисоки воени почести, церемониите за смена на државното знаме, билатералните соработки и другите протоколарни активности. Воедно го истакна придонесот на Воениот оркестар, чиј професионализам и посветеност доаѓаат до израз преку бројните протоколарни и меѓународни ангажмани, како и традиционалниот предновогодишен концерт. Притоа, во својот говор изрази благодарност за континуираната поддршка од претпоставената команда, како и за придонесот на сите припадници во градењето цврст колектив, заснован на гардиските вредности . На денешната свеченост беа доделени стимулативни мерки на припадниците од баталјонот, кои во изминатиот период особено се истакнале во извршувањето на своите задачи. По повод заминувањето во пензија на наредник Горанчо Атанасовски му беше доделена Плакета во знак на благодарност за долгогодишната служба во Армијата. Во пресрет на празникот беше реализирана хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст, а беше спроведена и акција за доброволно дарување крв. Баталјонот за почести го прославува Денот на единицата како носител на традициите на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаАнкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водствоТри анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%. Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата. Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно. Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј. Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter