Секојдневни работи што не се чуваат во автомобил - Канал 5

Секојдневни работи што не се чуваат во автомобил

За многу луѓе, автомобилот е втор дом, па го користат и како дополнителна „соба“ или попрецизно речено - еден вид складиште. 

Секојдневни работи што не се чуваат во автомобил

Иако е паметно да се има предмети како продолжени кабли, дополнителна облека и чифт удобни чевли, во возилото не се чува сè. Следат шест работи што не треба да се чуваат во личното превозно средство.

1. Пластични шишиња со вода

Иако треба да се пие повеќе вода, сепак не е паметно да се чува пластично шише со вода во автомобилот. Според истражувањата, кога пластиката е изложена на топлина, може донекаде да се распадне, предизвикувајќи истекување хемикалии во водата. А, и топлата вода не е ниту вкусна, ни полезна за употреба потоа.

Наместо пакети со пластични шишиња, покорисно би било алуминиумско шише. И тоа направено да ги одржува течностите ладни.

2. Храна

Според стручњаците, никогаш не треба да чувате храна во вашиот автомобил.

- Дури и ако храната е во лимени или други кутии, сѐ се расипува ако седи во автомобилот подолго време. Кутии со храна од самопослуга треба да одат во шпајз или во друг дел од вашата куќа, објаснува Лесли Килгур, професионална организаторка на простор.

Ако храната е наменски складирана во автомобилот, таа се чува во тврд сад, за да не дојдат штетници до неа. И, никако не е дозволено предолго чување на таквата храна.

3. Електроника

Загревањето и електронските уреди се лоша комбинација. Автомобил паркиран на директна сончева топлина може да достигне 50 Целзиусови степени за еден час. Затоа, не се препорачува чување електроника во возило во мирување. А, пак, уредите оставени на видно место го прават автомобилот и можна цел на кражба.

4. Спрејови

Има луѓе кои понекогаш си ја дотеруваат косата во автомобилот, па ги оставаат тие мали лимени шишиња внатре. Лош потег. Високите температури може да предизвикаат распрскување на такво шише со аеросол, што може да биде опасно за возачот и патниците во возилото.

5. Ќесе со производи и предмети за добротворни цели

Карли Адамс, уште една организаторка на простор, вели дека сите оние непотребни нешта што сте ги намениле за дарување во добротворни цели - не треба да седат во возилото подолго време.

- Наместо да зафаќаат простор во багажникот „засекогаш“, предлагам луѓето да ги стават ќесињата во својот автомобил тогаш кога ќе одат во прифатното место, вели Адамс.

6. Валкана облека за вежбање

И тоа не е добар потег, велат познавачите, иако многумина, брзајќи дома, ја забораваат торбата за во вежбалница во автомобилот. Причината е едноставна - миризбата на искористени алишта и чорапи што неминовно го опфаќа цело возило.

Исто така, доколку потта остане на облека подолго време, тоа предизвикува трајни дамки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер