Секоја година на Земјата паѓаат 5.200 честички од вселенска прашина - Канал 5

Секоја година на Земјата паѓаат 5.200 честички од вселенска прашина

Веќе некое време се знае дека вселенската прашина постојано паѓа на Земјата, но со оглед на нејзината микроскопска големина, било тешко точно да се утврди во кои количини.

Секоја година на Земјата паѓаат 5.200 честички од вселенска прашина

Имено, честичките на вселенската прашина (микрометеорити) не се поголеми од дел од милиметар и паѓаат на Земјата како првут при минувањето на астероиди и комети.

Меѓународен тим научници, по две децении собирање и анализирање на овие честички на Антарктикот, успеале да ја утврдат нивната годишна количина. Откриле дека на нашата планета годишно паѓаат во просек околу 5.200 вселенски честички помали од 700 микрометри. Овие микрометеорити се најголемиот извор на вонземски материјал на површината на Земјата.

Тоа е всушност неверојатно достигнување. Атмосферата на нашата планета е полна со различна прашина. Истражувањата од минатата година покажале дека во нашата атмосфера има околу 17 милиони тони прашина во кое било време, пишува Science Alert.

Затоа, научниците заминале на Антарктикот за да го минимизираат нивото на „позадинска“, прашина од земјата. Имено, во истражувачката станица Конкордија,таква прашина практично не постои. За време на шест експедиции во рок од 20 години, експертите идентификувале 1.280 нерастворени микрометеорити и 808 вселенски сфери (стопени вселенски карпи) со тежина помала од 350 микрограми, што им овозможило да ја пресметаат брзината со која овие честички паѓаат на површината на Земјата.

Потоа ја анализирале густината на честичките прашина за да го утврдат нејзиното потекло. Помала густина и поголема порозност сугерира дека прашината потекнува од комети, а поголема густина и помала порозност од метеорити. Откриле дека приближно 80 проценти од космичката прашина што стигнува до површината на Земјата доаѓа од комети.

Според моделите направени од научниците, вкупната маса на космичката прашина пред да влезе во атмосферата е околу 15 000 тони или многу повеќе од овие честички што стигнуваат до нашата атмосфера. Причината за ова отстапувањето не е јасна, но постојат неколку можности.

Една хипотеза е дека сè уште не успеале да откријат значителен дел од вселенската прашина, а другата е дека дел од таа прашина се губи пред да влезе во атмосферата. Третата е дека има многу помалку прашина во вселената отколку што покажуваат моделите.

Студија под наслов The micrometeorite flux at Dome C (Antarctica), monitoring the accretion of extraterrestrial dust on Earth, е објавена во списанијата Earth and Planetary Science Letters.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер