Секој втор Американец залепен за ТВ - се гледаше Супер Бол

Речиси 50% од американските домаќинства утринава беа залепени пред малите екрани да го проследат 49-тото издание на „Супер боул“ натпреварот. Њу Ингланд Пејтриотс станаа шампиони на НФЛ-лигата, откако го совладаа тимот на Сиетел Сихоукс во еден од најинтересните и највозбудливете натпревари во историјата на американскиот фудбал.


Американците знаат да направат шоу од било каков настан, но кога се работи за „Супер боулот“ тогаш ќе се погрижат тоа да биде спортско шоу за кое ќе се зборува цела година. За претставата да биде уште подобра се погрижија и Њу Ингланд Пејтриотс и Сиетел Сихоукс, кои го одиграа еден од најдобрите и највозбудливите финални натпревари во историјата на овој спорт.

Њу Ингланд победи со 28-24 иако во последната четвртина имаше негатива од десет поени. Квотербекот Том Брејди ги предводеше Пејтриотс до триумфот со четири успешни додавања за тач даун, но вистински херој на тимот е Малком Батлер. Младиот фудбалер во својата дебитантска сезона успеа да пресретне додавање тач даун на противникот во енд-зоната на 20 секунди до крајот и така го одбрани последниот атак на Сиетел, кој доколку го коплетираше додавањето ќе го осовеше престижниот пехар. Тренерот на Сиетел Пит Керол веднаш по натпреварот ја превзема одговорноста за поразот, бидејќи во последната акција се одлучи за тач-даун додавање, наместо потребните два јарди да ги освои ранинг бекот и ѕвездата на тимот Маршон Линч.

Том Брејди заслужено го доби своето трето МВП признание и дојде до четвриот шампионски пехар прв по цели десет години, а сите ги освои со истиот тим, Њу Ингланд. Секој фудбалер на Њу Ингланд за победата ќе инкасира по 97.000 долари, додека поразените ќе добијат по 49.000 долари.

„Супер боулот“ е познат и по своите популарни и екстремногу скапи реклами, а оваа година носителот на ТВ-правата за натпреварот наплаќаше 4,5 милиони долари за спотови од 30 секунди. „Супер боулот“ уриваше рекорди и на социјалните мрежи, бидејќи на твитер биле напишани дури 28,4 милиони „твитови“, додека на „фејсбук“ за натпреварот зборувале дури 65 милиони луѓе, од кои 55 во САД.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер