Секој трет автомобил на старо има неисправни воздушни перничиња или ги нема- еве како да проверите - Канал 5

Секој трет автомобил на старо има неисправни воздушни перничиња или ги нема- еве како да проверите

OBD конекторот и дијагностичкиот уред можат да утврдат дали воздушното перниче работи или не, и дали воопшто е инсталирано, а „податоците од судирот“ откриваат и дали автомобилот бил во судир.

Секој трет автомобил на старо има неисправни воздушни перничиња или ги нема- еве како да проверите

Проверка што вреди злато!

Во судир, дури и со мал интензитет, ако воздушното перниче или воздушните перничиња се активирани, трошоците за поправка се огромни. Имено, покрај склопот на воздушното перниче и неговото куќиште во воланот или контролната табла, потребно е да се заменат системот за активирање, електронскиот-инерцијален сензорски систем и електронскиот контролен модул.

Ако сè не е направено правилно, свети светлото на системот на воздушни перничиња на контролната табла. Меѓутоа, бидејќи трошоците се високи, многу луѓе потоа, за да „заштедат пари“, трајно го исклучуваат сигналното светло во продавница за електроника, го враќаат користеното воздушно перниче во куќиштето и само ставаат нов пластичен капак на него.

Исто така, се случува на автомобил што се продава, особено ако се извезува, да му биде отстрането функционалното воздушно перниче, со склоп за активирање и сензори, продадено на „црниот“ пазар, а на половен да му биде инсталирано „про форма“, објавува Autoportal. Значи, кога купувате автомобил на старо, проверете ја и оваа можност.

Најдобар начин да проверите е да одите во овластен сервисен центар или добар автоелектричар, користејќи дијагностички уред. Дијагностичкиот уред се поврзува преку OBD портата и, со внесување податоци за производителот и возилото, се добива пристап до безбедносниот систем, кој јасно покажува дали воздушното перниче работи или не, или е инсталирано „лажно“ кое веќе е користено (активирано). Можете исто така да проверите дали автомобилот бил во судир користејќи „податоци за судир“.

Заклучок: кога купувате автомобил на старо, не се двоумите да проверувате. Покрај сите важни проверки, каросерија, шасија, мотор, менувач итн., проверете ја состојбата на воздушните перничиња. Тоа е важно, бидејќи при судир, од тоа зависат вашите животи и животите на патниците во автомобилот. Ако сте измамени, поправките се скапи, изложени сте на непријатности при барање надомест на штета, а барањето правда на суд е долготрајно и неизвесно, барајќи почетни инвестиции, адвокат, тужба...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавки

Сомнежи за злоупотреби со јавни набавки во УХМР. МВР поднесе кривична пријава против девет вработени и едно правно лице, меѓу кои и поранешниот в.д. директор Ивица Тодоровски. 

Кривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавки

Според истрагата, со спорни набавки во 2023 година на две фирми им била овозможена противправна имотна корист од речиси половина милион евра. Тодоровски потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација. Најголем износ се однесува на фирма од Скопје, на која според полицијата и била овозможена имотна корист од околу 475 илјади евра. Речиси 13 илјади евра добила битолска фирма која требало да печати промотивни материјали и да набави ситен инвентар.

-И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. И покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина,- -МВР.

Инаку во јуни 2023 година во Скопје биле организирани две работилници за управување со системот за брзи поплави, за кои Светската метеоролошка организација обезбедила 650 илјади евра. И ДЗР во својот извештај од тогаш изразил мислење со резрева за финансиските извештаи за дел од потрошените пари и во него е наведено дека се одговорност на тогашниот в.д директор Ивица Тодоровски. Дел од пријавените вработени, според МВР одобриле и пуштиле во исплата фактура без приложени докази, со измислени коефициенти и невистинити финансиски податоци.

Уште една кривична пријава за проневера во службата и перење пари МВР поднесе против 47-годишен скопјанец и едно правно лице. Како овластено лице во фирма што вршела технички прегледи, од 2021 до јануари 2026, доставувал лажни извештаи до надлежните институции за надоместоците наплатени при регистрација на возила и противправно се стекнал со околу 110 илјади евра.

-Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци,- -МВР.

Пријавите се доставени до скопското и ОЈО ГОКК кои треба да ги прверат наводите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција.

-Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов.

Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот.

-Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков.

Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа.

„Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска.

По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер