Автомобилите ќе бидат уште побезбедни: Доаѓаат воздушни перничиња за нозете - Канал 5

Автомобилите ќе бидат уште побезбедни: Доаѓаат воздушни перничиња за нозете

По воздушното перниче за колена, доаѓа уште една иновација која треба да ја подобри безбедноста на патниците во патничките автомобили.

Автомобилите ќе бидат уште побезбедни: Доаѓаат воздушни перничиња за нозете

Оваа иновација е претставена од „ZF Lifetec“, а е специјално наменета за возила опремени со систем за автономно возење. Целта на овој систем е да се намали ризикот од повреди на стапалата при сообраќајни незгоди, особено кога наслоните на седиштата се навалени наназад.

Во таква положба, потпирачот за пети не е оптимален, па затоа е потребна дополнителна потпора за стапалото. Тука стапува во игра „Active Heel Airbag“, обезбедувајќи ја потребната стабилност.

Овој систем би се активирал само кога седиштата биле во таканаречениот „comfort mode“, односно кога возачот ќе ја вклучи функцијата за автоматско пилотирање. Со тоа би се спречиле сериозни повреди на нозете, особено на стапалата, што е особено важно за возачот, кој е изложен на ризик да ги искриви стапалата околу педалите.

Кога патникот е во класична седечка положба, подот на возилото веќе обезбедува доволна поддршка за стапалата, обезбедувајќи стабилност на петата и контролирано движење на колената.

Во овој случај, воздушното перниче на коленото ја презема заштитната функција, додека бедрената коска како најсилна коска во човечкото тело апсорбира голем дел од ударната сила.

Системот „Active Heel Airbag“ може да се прилагоди на речиси секој модел на автомобил, а ќе биде достапен за производителите на возила од 2028 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер