Сејлс:Хезболах складира експлозивни хемикалии ширум Европа

Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. 

Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

– Зошто Хезболах би чувал амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен: Хезболах го ставил оружјето таму за да може да изврши големи терористички напади секогаш кога тој или неговите господари во Техеран сметаат дека е потребно, рече Салес.

Тој изјави дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум нитрат од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија во изминатите години и дека се сомнева дека тие ќе продолжат да чуваат материјали низ цела Европа.

Хрватска: Најголем број на заболени до сега

Од последиците на Ковид-19 починале 11 лица.

Националниот штаб во Хрватска ги објави најновите информации за коронавирусот. Во последните 24 часа се забележани 1.424 нови случаи на заразени со Ковид-19 па со тоа бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 6.459.

Меѓу нив 622 пациенти се на болничко лекување, а од тоа на респиратори се 38 пациенти.

Од последиците на вирусот во Хрватска починале уште 11 лица.

Министерството за економија го подготви првиот Предлог-закон за ЈПП во земјава

Новиот закон за ЈПП има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации.

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка го подготви првиот Предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава, чија главна цел е да се зајакне улогата и надлежностите на Министерството како силен надзорен субјект, во реализацијата на ЈПП проектите во текот на целиот нивен процес, почнувајќи од самиот почеток па се до истекот на договорите за ЈПП, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

-При подготовка на оваа регулатива во изминатиот период како надлежно министерство бевме во постојана комуникација со стопанските комори и со бизнис заедницата со цел да имаме правна рамка која ќе биде во интерес на сите засегнати страни, да се дефинираат и разјаснат проблемите со кои се соочуваа досега кај ЈПП, за да се подобрат можностите за користење на приватниот сектор за навремена испорака на поефикасни и поквалитетни јавни услуги, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата заедно со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј и шефот на канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилијано Палоучи.

Предлог- законот, изработен со Светска банка и со поддршка на Британската амбасада во рамки на проектот „Зајакнување на правната рамка и политика на ЈПП и концесии во Република Македонија" започнат во јули 2019 година, додаде, го испративме до сите инволвирани страни со цел во наредниот период целосно да се усогласи со најдобрите светски стандарди и со меѓународната практика за ЈПП.

-Новиот закон за ЈПП има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации. Новите инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат подобри работни места, ќе го зголемат пристапот до пазарот на труд и ќе обезбедат подобри услуги во клучните сектори како што се вода, енергија, здравје и образование, потенцира Бектеши.

Нагласи дека Министерството заедно со ИТ експерти од Светска банка, паралелно со законот работеше и во креирањето на единствен систем/софтвер за Министерството за економија каде што ќе се водат сите склучени ЈПП договори во РСМ, како единствено складиште на сите ЈПП и како единствен електронски запис за сите договори и централен извор на информации за доделените договори.

-Регистарот ќе собира и евидентира информации од договорите за ЈПП и сродните документи, и ќе им обезбеди пристап до податоците на сите донатори за следење на проектите од самиот почеток, па се до склучувањето на договорот, како и неговото спроведување до крај. Оттаму, регистарот на ЈПП ќе се користи и за целите на надзор на уредното плаќање на надоместоци за ЈПП и реализација на обврските на партнерите во врска со спроведувањето на договорите, рече Бектеши.

Шефот на канцеларијата на Светска банка Палоучи во онлајн обраќање рече дека ЈПП игра конструктивна улога во развојот на една земја и може да ги подобри квалитетот и ефикасноста на трошоците на јавните услуги. Потенцира дека клучните земји во ЕУ имаат добри примери за користење на ЈПП и концесиите.

-Според Светска банка само во 2019 година инвестициите преку ЈПП на глобано ниво достигаа 96,7 милијарди евра преку 419 проекти во 62 земји во светот. ЈПП многу ретко преставуваат повеќе од 10 проценти од владините инвестиции на годишно ниво и тие се само дополнување на традиционалните јавни инвестиции, рече Палоучи.

Три работи, потенцира, се потребни за усешна имплементација на ЈПП – прво политичка волја, второ јавниот сектор да има капацитет да развие проекти од кои ќе има заемна корист со приватниот сектор, и трето да има транспарентност за употребата и спроведувањето на ЈПП.

Британската амбасадорка Галовеј посочи дека нејзината земја има големо искуство за партнерство на Владата и приватниот сектор во доставување услуги на народот кое, како што кажа, е подготвена да го сподели со земјава.

-Ни преставува задоволство да ја поддржиме Владата во идентификување и примена на моделот на ЈПП кој одговора на потребите на Македонија и нејзината економија. Искуството и советите на Светската банка кои ги содржат најдобрите светски практики ќе обезбедат оптимален модел на ЈПП за земјата, рече Галовеј.

ЈПП, посочи, значи ризик, но многу од овие проекти се успешни насекаде во светот, иако има и некои со големи пропусти. Затоа треба да се постават обвски за јавниот и приватниот сектор кои треба да ја подобрат ефективноста на ваквите проекти. /МИА.

Милошоски: Имаме предлог закон за формирање на специјална државна комисија за борба со КОВИД

 Сметавме дека еден ден сепак е најмалку еден ден потребен за барем да се прочита тој предлог закон.

Би сакал денешнава прес конференција да ја искористам за неколку ставови поврзани со предлогот на закон за заштита на населението од заразни болести кој што во текот на вчерашниот ден за прв пат пратениците имаа можност да го добијат. Сметавме дека еден ден сепак е најмалку еден ден потребен за барем да се прочита тој предлог закон.

Од она што можеме да го видиме од дадениот предлог закон гледаме дека овој закон нема конкретни мерки за борба против пандемијата, во овој закон нема мерка за зајакнување на капацитетите на институциите кои што вршат КОВИД тестови, нема мерка за поевтино тестирање на ризичните групи на население како пензионери или хронично болни, ниту има мерка за пошироко тестирање по однос на бројка во позагрозените општини како што се Скопје, Прилеп, Струмица, Тетово и други градови.

Затоа сметаме дека овој закон е повеќе техничка измена и дополнување наместо да биде закон во кој што би имало суштински мерки за борба и справување против пандемијата. Морам да напоменам дека на ова ниво на загрозеност од пандемијата каде што Македонија за жал има една од најголемите стапки на смртност по однос на еден милион жители во Европа дојдовме и како резултат на несоодветните мерки и слабата доверба која што Комисијата на министерот за здравство ја има кај јавноста.

Сметаме дека оваа комисија која што уште пред изборите почна да ги политизира мерките, а во последно време видовме дека беше и пасивна кога некои ресторани, дискотеки во Скопје и во Струмица блиски до семејството на власт правеа концерти, забави, журки и тогаш не се реагираше соодветно носи дел од одговорноста за оваа загрижувачка состојба со пандемијата со КОВИД.

Во текот на вчерашниот ден во утринските часови имаше средба на претставник од ВМРО-ДПМНЕ со министерот за здравство по однос на предлог законот за заштита од заразни болести при што беше предложена идејата на ВМРО-ДПМНЕ да се формира една специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии во моментот кога постојат или во иднина во момент кога повторно би се случиле. Во однос на комисијата за справување со пандемија и епидемија предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член.

На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство. Очигледно е дека министерот за здравство за разлика од мнозинството во јавноста се уште има блиска доверба во неговата советодавна Комисија за КОВИД што ја предводи докторот Караџовски, за која Комисија ние сметаме дека носи дел од одговорноста за многу ненавремени или за многу несоодветно преземање на мерки изминативе пет месеци. Затоа сметаме дека Македонија мора да реагира посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата кои одеа на концертот на Владо Георгиев во дискотеката „Мош“.

Не може таков здравствен работник и член на Комисијата да влева доверба кај населението и да наложува мерки, а истиот не ги почитува. И затоа Македонија денес за жал има 408 починали лица како стапка на смртност на еден милион жители, во споредба со нас Србија има 89 смртни случаи на еден милион, БиХ има 311, Бугарија има 147, Хрватска има 96, Грција има 51, Албанија има 159 итн. Затоа сметаме дека министерот треба уште еднаш да размисли зошто се одбива ваква една иницијатива за формирање на специјална државна комисија за справување со КОВИД пандемијата која што би ја предложила Владата, а би ја изгласало Собранието.

Ние како партија забележуваме дека на власта често и треба изговор и кривец. До пред 3-4 месеци се вадеа со паролата Наќе е крив, потоа кога Наќе веќе не беше министер, народот е крив, сега ќе бараат кривец во опозицијата или во некои други структури, но не само во власта. Затоа за да не им послужи како изговор тоа што законот кој го предлагаат има недостиг од суштински мерки за борба против пандемијата и да не почнат со спинови за тоа кој е виновен за слабото работење на Комисијата на министерот за здравство, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта уште во текот на денешниов ден, да закаже собраниска седница. Знаеме дека немаат кворум, но ние ќе бидеме коректни, ќе го направиме кворумот на собраниската седница. Иако ќе бидеме воздржани, сепак ќе овозможиме овој предлог закон да помине. Но, предупредуваме уште еднаш, ваков каков што е не очекуваме да донесе преголеми резултати, бидејќи во законот недостигаат суштински мерки за борба против пандемијата.

Прашање: Зошто вчера беше одлагањето на собраниската расправа по однос на предлог законските измени?

Второ прашање: Каква комисија ВМРО-ДПМНЕ предлага?

Одговор: На второто прашање веќе конкретно одговорив. ВМРО-ДПМНЕ предлага специјална државна комисија за борба против пандемијата КОВИД, чиишто мерки би биле задолжителни. Истата би имала 11 членови и во истата би членувале и министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи по службена должност, но би имале и девет врвни специјалисти кои што собранието би ги изгласало.

Разликата од оваа комисија до постоечката комисија, која што го советува министерот што постоечката комисија е редовна советодавна комисија. Нејзините мерки не се задолжителни. Додека ваква една комисија, која би се утврдила со закон како задолжителна комисија во случај на пандемија, нејзините мерки би биле по кредибилни и би биле задолжителни за спроведување. И на тој начин би се вратил и кредибилитетот на самата комисија која што сега го има изгубено, но би се дал и интегритет на комисијата да не може да биде политизирана и секоја институција да мора да ги спроведува мерките кои што комисијата ќе ги предложи.

Прашање: Дали има преговори меѓу власта и позицијата на оваа тема? Кои се вашите услови да дадете поддршка на предложените законски измени во собрание и какви здравствени мерки предлага опозицијата?

Одговор: Вчера како што соопшти имаше средба помеѓу министерот за здравство и професорот Вело Марковски кои што разговараа на оваа тема каде што беше предложена нашата идеа за формирање на специјална државна комисија за борба против пандемијата но за жал истата не беше прифатена. Тие разговори се случија во текот на вчерашниот ден но за жал немаа позитивен исход.

Прашање: Кои се вашите услови да дадете поддршка во Собранието?

Одговор: Споменав наш не услов туку суштински прелог за овие измени е идејата да се формира специјална комисија за борба против пандемијата но иако не е прифатен овој предлог, ние како опозиција ја повикуваме власта уште денес да закаже собраниска седница и ќе овозможиме овој закон да помине со гласовите на собраниското мнозинство и со присуството на пратениците од опозицијата. Иако сметаме дека во законот има технички дополнувања кои даваат надлежности на инспекторати но недостигаат суштински мерки кои што се однесуваат на борбата против пандемијата.

Прашање: Кои здравствени мерки ги предлага ВМРО- ДПМНЕ?

Одговор: Јас повторно би кажал дека ја предлагаме специјалната државна комисија за борба против пандемијата бидејќи таквите стручни лица можат да дадат многу подобри мерки отколку политичарите. Ќе земам само една споредба и како човек и како пред некое време пациент од оваа заразна болест но и како пратеник се чувствувам со многу поголема доверба и сигурност кога ги слушам изјавите на Проф. Др Никола Пановски за разлика од тоа кога ги слушам изјавите на премиерот Заев кој што тврди дека вирусот лебдел и дека со секое движење ние го креваме во воздух. Сметам дека такви паушални изјави, несериозни не се потребни во овој момент кога навистина сме загрозени со пандемијата.

Прашање: Значи ВМРО-ДПМНЕ се откажа од преговори со министерот за здравство Венко Филипче бидејќи бевте лично одбиени од негова страна,бидејќи Никола Мицевски нели вчера надвор од средбата Вело Марковски, Филипче кажа дека треба да се минираат членови за работните групи?

Одговор: Јас како што кажав ние со добра волја стапивме во контакт со министерот за здравство и на политичка основа преку координаторот на пратеничката група но и на стручна основа преку професорот Вело Марковски и го дадовме нашиот предлог за формирање на специјална државна комисија за борба против пандемијата за жал овој предлог не беше прифатен и сметаме дека таквиот потег на министерот е погрешен. Времето ќе покаже колку оваа комисија која што овие осум месеци не дава добри резултати и не секогаш соодветни мерки ќе успее да се поправи или дополнително ќе ја изгуби довербата кај населението.

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер