СЕХА: Брест Мешков гостин на Металург во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот шампион Металург вечерва од 18 часот во Автокоманда ќе го одиграат големото дерби на СЕХА лигата против третопласираниот тим во регионалното друштво белорускиот Брест Мешков.



За металурзите ова ќе биде шанса за реванш по поразот од минатиот месец на гостувањето во Белорусија од 28- 26.

Избраниците на Лино Червар воедно вечерва со евентуален триумф над Брест и теоретски ќе го обезбедат пласманот на завршниот фајнл фор турнир од СЕХА лигата.

Металург дуелот против лидерот од СЕХА лигата ќе го одиграат без тројца стандардни ракометари.
Младиот репрезентативец Дејан Манасков по тешката повреда заработена на последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите пред време ја заврши сезоната.

За крилото на Металург денеска започна процесот на рехабилитација, Манасков вчера во Опатија имаше успешна операција на вкрстените лигаменти на левото колено. Вечерашниот меч во Автокоманда поради повреда ќе го прескокнат најверојатно о Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Вечерва во дресот на Металург на дуелот со Мешков се очекува да дебитира новото крило Коражија, во тимот сигурно ќе биде и стандардниот Наумче Мојсовски.

Пред големото дерби во Автокоманда Металург е лидер на табелата во СЕХА со 33 бода од 15 средби, пред Кроација Загреб со 32 , Брест е на третото место со натпревар помалку и 31 освоен бод на четвртата позиција е бранителот на тронот Вардар Про со 30 , тоа се најверојатно и четирите екипи кои годинава ќе се борат за шампионската титула во регионалното друштво.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер