3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
СветСедумнаесет европски земји и ЕУ длабоко загрижени поради репресијата во ГрузијаСедумнаесет европски земји и Европската унија изразија „длабока загриженост поради влошената ситуација во Грузија“, каде што беснее бран на репресија против неистомислениците.- Нема да се двоумиме да го искористиме целиот спектар на еднострани и мултилатерални мерки што ни стојат на располагање доколку грузиските власти продолжат да преземаат мерки што ја поткопуваат демократијата и човековите права во Грузија, се наведува во денеска објавеното заедничко соопштение. Потписници на соопштението се министрите за надворешни работи на Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Шведска, Велика Британија и високата претставничка на ЕУ. Најмалку пет грузиски опозициски личности беа осудени во последните недели поради одбивање да сведочат пред парламентарниот комитет што истражува можни злоупотреби извршени за време на владеењето на претседателот Михаил Сакашвили (2004-2013), кој е во затвор од 2021 година. Како што се наведува во соопштението, овие осуди се мотивирани од „политички мотиви чија јасна цел е да се задуши политичката опозиција во Грузија, само неколку месеци пред локалните избори“. Оваа репресија „придонесува за демонтирање на демократијата во Грузија и нејзина брза трансформација во авторитарен режим“, се оценува. Тоа веќе „резултираше со значително влошување на нашите односи, вклучувајќи намалување на помошта за Грузија и соработката со грузиските власти“, пишува во соопштението, а Европејците сметаат, како што се додава, дека не е „доцна да се промени курсот“. За да го сторат тоа, грузиските власти мора „веднаш да ги ослободат неправедно притворените политичари, новинари и активисти, да го поништат своето репресивно законодавство и да отворат национален дијалог“. Грузија е во политичка криза од победата на партијата Грузиски сон на парламентарните избори во октомври 2024 година, која опозицијата ја отфрли, сметајќи го гласањето за наместено. Кон крајот на ноември 2024 година, владата објави дека го суспендира процесот на пристапување кон Европската унија, што предизвика големи протести на опозицијата кои владата насилно ги задуши, со закани и апсења на активисти и демонстранти.Тагови: Грузија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook