Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
3Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд
МакедонијаСедумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во КочаниВо спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје.Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа. - Секој да се придржува до одлуката бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на Министерството за огромната несреќа која се случи, соопшти владината прес-служба. Од Владата изразија сочувство до семејствата на жртвите во овој трагичен настан. - Не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба. Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот. Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста, се наведува во соопштението од Владата. Сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на оваа недела се откажуваат, информира Министерството за култура и туризам. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување. Иинформира дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отвораат вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера преку соопштение им укажа на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост. - Медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации, наведуваат од АВМУ. За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика. Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници. Пожарот во дискотеката во Кочани настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Искрите го зафатиле таванскиот дел од лесно запалива материја, по што пожарот брзо се проширил низ целата дискотека, создавајќи густ чад. МВР информираше дека на 16 март 2025 година околу 2:35 часот од полициски службеник од ОВР Кочани, кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК. Веднаш по добивање на информацијата, дежурната служба во Полициската станица Кочани ги известила Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, кои за краток временски период пристигнале на местото и почнале да даваат прва помош и да вршат евакуација на присутните. - Според првичните информации со кои располагаме, пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои што биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Во моментот на активирање на т.н прскалки, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запалива материја, по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад. За краток временски период на лице место пристигнати се служби од противпожарните служби и Итна медицинска помош од соседните градови кои се вклучиле во помош на повредените а веднаш се активирани хеликоптери на МВР кои се вклучиле во транспорт на повредените до скопските клиники, изјави вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во текот на вчерашниот ден, сочувства до семејствата изразија претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министри,... Сочувство изразија и ЕУ, амбасадите на САД и на Русија, како и други држави од регионот, Европа и светот. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКарлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора. Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак. - Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг). Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК. Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЗабаваФото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден планЕдна од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите. Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент. Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот. Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисФото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругатаЕден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел. Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца. Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден. Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата. Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година. Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter