Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
1Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
3ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!
СветСедум Палестинци загинаа во израелска рација на Западниот БрегСедум Палестинци беа убиени денеска во напад на израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.Израелската армија соопшти дека нејзините сили опколиле зграда во која екстремистите се забарикадирале и дека израелски авиони погодиле цели во областа. Палестинските медиуми објавија дека воени возила опколиле куќа во бегалскиот камп Џенин и дека од Палестинците во неа било побарано да се предадат. Во рацијата биле употребени ракетни фрлачи и беспилотно летало што ја погодило куќата. Претходните извештаи наведуваа дека загинале пет Палестинци, но бројот на жртвите бил зголемен./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБеким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот патПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Кристоф Исранг, директор за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, процесот на пристапување во Европската Унија и спроведувањето на Реформската агенда. Министерот Сали ја оцени Германија како стратешки партнер и доследен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија. Тој го истакна значењето на развојната соработка и поддршката од ГИЗ за институциите, вклучително и за спроведувањето на Реформската агенда и регионалната размена на искуства. На средбата се разговараше за потребата од фер, предвидлив процес на проширување заснован на заслуги. Министерот ја нагласи подготвеноста за конструктивен дијалог за отворените прашања и важноста од финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација. Посебно внимание беше посветено на Планот за раст за Западен Балкан и придобивките од постепената интеграција. Министерот ги посочи конкретните придобивки од учеството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и можностите од иницијативите за дигитална поврзаност и намалување на трошоците за роаминг. Соговорниците разговараа и за перспективите на политиката на проширување, подготовката на Европската Унија за нови членки и значењето на предвидлива повеќегодишна финансиска рамка што ги поддржува реформите, инвестициите и економското приближување. Министерот Сали ја потврди посветеноста на Владата на мерливи реформски резултати и продлабочување на партнерството со Германија, со цел европската интеграција да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Кремаста карбонара со сланинаВо четврток (12.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Дејан Николовски Чуле.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. шпагети 200 гр. чадена сланина или панчета 250 мл. павлака за готвење 2 јајца 100 гр. пармезан 1 чешне лук 30 гр. путер зачини по избор малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФЗО со конкретен акциски план за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизијаФондот за здравствено осигурување со конкретен акциски план за спроведување на препораките од државниот завод за ревизија.Фондот за здравствено осигурување, во врска со објавениот Конечен извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој се однесува на имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во информацискиот систем на Фондот, ја информира јавноста дека констатираните наоди и дадените препораки се разгледани со должно внимание и институционална одговорност, при што се преземени конкретни активности за надминување на утврдените слабости. Фондот ја препознава независната државна ревизија како исклучително значаен механизам за унапредување на јавната отчетност, зајакнување на институционалните капацитети и воспоставување повисоки стандарди во управувањето со јавните ресурси. Во таа насока, ревизорските препораки претставуваат не само обврска за постапување, туку и важен поттик за системско подобрување на организациските и технолошките процеси. Во рамките на своите надлежности и во согласност со задолженијата на Владата, Фондот изготви конкретен Акциски план, со кој се опфатени сите препораки содржани во ревизорските наоди. Акцискиот план претставува сеопфатна и структурирана рамка за постапување, во која за секоја препорака поединечно се дефинирани потребните корективни активности, надлежните организациски единици и одговорните носители, како и прецизни рокови за нивна реализација. На овој начин, препораките на Државниот завод за ревизија се преточени во конкретни оперативни задолженија, со јасно утврдена одговорност и временска динамика за нивно исполнување. Особено значајно е што дел од предвидените активности веќе се реализирани, додека за останатите се започнати постапки или се утврдени конкретни мерки за нивно спроведување. Меѓу досега реализираните активности се сегментацијата на мрежата во дата-центарот и назначувањето одговорни лица за администрирање на автентикацијата и контрола на корисничките пристапи. Паралелно со тоа, Акцискиот план предвидува натамошно зајакнување на информациската безбедност преку ажурирање на безбедносните политики и процедури, изработка на ИТ-стратегија, проценка на ризиците, унапредување на контролите за пристап, модернизација на инфраструктурата и безбедносни надградби на постојните информациски системи. Посебно внимание е посветено и на зајакнувањето на човечките капацитети, континуираната едукација на вработените, воспоставувањето соодветни механизми за следење на системските активности, како и унапредувањето на мерките за непречено функционирање и заштита на информациските ресурси. Роковите за спроведување на предвидените активности се утврдени во периодот до 31 декември 2027 година, зависно од сложеноста, техничките предуслови и организациските и финансиските аспекти на секоја поединечна мерка. Фондот нагласува дека утврдувањето конкретни рокови и носители на активностите овозможува следливост на постапувањето, јасна распределба на одговорностите и континуирано согледување на напредокот во реализацијата на препораките. Како институција која управува со исклучително значајни процеси и информации во системот на задолжителното здравствено осигурување, Фондот е свесен дека сигурноста, интегритетот и доверливоста на информациските системи се суштински предуслови за стабилно, ефикасно и одговорно извршување на неговите законски надлежности. Оттука, унапредувањето на информациската безбедност не се третира како еднократна активност, туку како трајна институционална определба, која подразбира континуирани вложувања, технолошка модернизација, превентивно управување со ризиците и доследно почитување на утврдените стандарди. Фондот останува целосно посветен на доследно спроведување на препораките на Државниот завод за ревизија, во рамките на утврдените рокови и согласно предвидената динамика. Воедно, Фондот ја потврдува својата определба за конструктивна и професионална соработка со Државниот завод за ревизија, Владата и другите надлежни институции, со цел натамошно зајакнување на институционалната ефикасност, транспарентноста и одговорното управување. Нашата определба е недвосмислена: секоја утврдена слабост да биде предмет на соодветно постапување, секоја препорака да добие конкретна институционална одговорност, а секоја преземена мерка да придонесе кон посигурен, поотпорен и поефикасен систем на здравствено осигурување. Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ја информира јавноста за напредокот во реализацијата на предвидените активности, водејќи се од принципите на законитост, отчетност, професионалност и заштита на јавниот интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter