Седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди уапсени во предградие на Сиднеј - Канал 5

Седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди уапсени во предградие на Сиднеј

Седум мажи за кои се верува дека имаат идеолошки врски со двајцата напаѓачи во терористичкиот напад на плажата во Бонди во неделата, се уапсени во југозападниот дел на Сиднеј, соопшти денеска полицијата на Нов Јужен Велс, јави ДПА.

Седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди уапсени во предградие на Сиднеј

Седумте мажи, сите познати на полицијата, беа уапсени вчера од полицијата во предградието на Сиднеј, Ливерпул, откако со две возила допатувале од соседната држава Викторија.

Снимките што кружат на социјалните медиуми и се емитуваат од локалните медиуми покажуваат полицајци во тактичка опрема како ги апсат мажите во фрекфентен дел на предградието на Сиднеј.

„И покрај тоа што специфичната закана што ја претставуваат овие мажи е непозната, можам да кажам дека потенцијалот за извршување на насилно дело беше таков што не бевме подготвени да го толерираме ризикот и соодветно презедовме мерки“, изјави на прес-конференција полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, пренесе ДПА.

„Добиените информации беа дека Бонди можеби бил една од големиот број локации на кои мажите имале намера да присуствуваат, но причината за присуството е непозната“, продолжи Ланион, додавајќи дека „оправдување за нивното актуелно притворање повеќе не постои, под услов да се разгледаат доказите“.

Ланион рече дека полицијата „сигурно го гледа исламистичкиот екстремизам како една од ... идеологиите ... зад овие мажи“, додавајќи дека „нема потврдена врска помеѓу мажите во Бонди и седумте мажи што ги приведовме вчера“.

Претходно, заменик-комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Дејвид Хадсон, за радиото Еј-Би-Си Сиднеј (ABC Radio Sydney) изјави дека постои „потенцијална сличност во некои размислувања“ помеѓу напаѓачите во Бонди и седумте мажи уапсени вчера.

Двајца напаѓачи, татко и син, во неделата отворија оган врз толпа луѓе што го славеа еврејскиот фестивал Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј, убивајќи 15 лица и повредувајќи десетици. Повеќето од жртвите беа Евреи.

Еден од напаѓачите беше застрелан од безбедносните сили, додека другиот беше повреден и подоцна обвинет за 15 убиства и 40 телесни повреди со намера за убиство, потсетува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер