Седум лица се уапсени за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје - Канал 5

Седум лица се уапсени за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје, поднесена кривична пријава, одреден притвор за две лица.

Седум лица се уапсени за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, при што во изминатиот период беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

На 30.04.2026 од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во содејство со СВР Скопје и ОСПО, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по претходно обезбедени наредби за вршење на претрес на дом и други простории, извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор, соопшти МВР.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови санкции за поддршка на воените програми на Иран

САД денес објавија нов пакет санкции насочени кон 11 лица и субјекти за поддршка на воените програми на Иран.

САД воведуваат нови санкции за поддршка на воените програми на Иран

Според соопштението од американската влада, санкционираните имале за цел да помогнат во набавката на оружје за Корпусот на иранската револуционерна гарда и редовната иранска армија, а штабот е во Кина, Хонг Конг, Иран и Белорусија.

Цел на Министерството за финансии

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД означи девет лица и компании со седиште во Кина и Хонг Конг. Тие се обвинети за учество во мрежа што ја олеснувала набавката на оружје за иранската војска.

Санкционирана е и компанија од Хонг Конг, за која се вели дека работи во рамките на тајната банкарска мрежа на Иран. Во посебен потег, Стејт департментот на САД санкционираше две компании и неколку лица од Иран и Белорусија. Според соопштението на Министерството за финансии, овие мерки се поврзани со активностите на Иран поврзани со конвенционалното оружје.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен хеликоптер се урна во Пакистан, нема преживеани (ВИДЕО)

Пакистански воен хеликоптер се урна во среда во делот на Кашмир контролиран од Пакистан, при што загинаа сите во леталото. Војската соопшти дека техничка грешка е причина за несреќата, објави „Euronews“.

Воен хеликоптер се урна во Пакистан, нема преживеани (ВИДЕО)

„Хеликоптер Ми-17 на воздухопловните сили на Пакистан се урна во близина на Музафарабад денес за време на полетувањето поради техничка грешка“, се вели во соопштението на медиумското крило на војската. Во соопштението се додава дека „сите лица во леталото постигнале шехада (мачеништво)“, но не се наведува точен број на жртви.

Несреќата се случила во близина на Музафарабад, регионалниот главен град, за време на протестите и штрајкот организиран од Заедничкиот акционен комитет Авами, неодамна забранет сојуз на неколку групи. Војската не соопшти дали има некаква врска помеѓу несреќата и протестите.

Истрага на несреќата

Сведоци рекоа дека леталото се урна кратко по полетувањето од хелиодромот. Итните служби брзо се упатија кон местото на настанот и ги однесоа жртвите во блиската болница. Војската соопшти дека „екипите за спасување и опоравување веднаш стигнале на местото на несреќата“ и дека е наредена истрага за да се утврди точната причина за несреќата.

Официјални реакции

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство за несреќата и им оддадоа почит на жртвите. Во одделни изјави, тие им изразија сочувство на семејствата на жртвите. Началникот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, исто така, изрази длабока тага за загубата на животи и сочувство до семејствата на починатите, се вели во соопштението.

Спорен регион

Пакистанската војска и влада го сметаат Кашмир за исклучително чувствителна област по години чести судири и војни со Индија. Кашмир, регион со муслиманско мнозинство, е целосно побаруван и од Индија и од Пакистан, но е поделен меѓу нив откако стекнаа независност од британската власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на нови 3 членови на ИК

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени нови 3 членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе одлука за избор на нови 3 членови на ИК

Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев.

Миле Лефков е пратеник во македонското собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните.

Зоранчо Јованчев е пратеник во собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер