Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
2Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
МакедонијаСедум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во ШпанијаДве јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во стратотниот пожар во ноќниот клуб во градот Кочани, Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро.Две јавни болници во Мадрид, Шпанија ќе примат на лекување седум лица повредени во стратотниот пожар во ноќниот клуб во градот Кочани, Македонија, кои се очекува да пристигнат наскоро, објавија дневните шпански весници „ABC Madrid“ и „20Minutos“ повикувајќи се на информација потврдена од портпаролот на Владата на Шпанија Мигел Анхел Гарсија Мартин. Од македонското Министерство за здравство ја потврдија информацијата за МИА. Како што наведува „ABC Madrid“, станува збор за болниците во Ла Паз и Гетафе кои ќе ги отворат вратите за овие седум пациенти кои се тешко повредени во пожарот што избувна во Македонија минатата недела, на барање на македонските власти. Од седумте трансфери кои се очекуваат наскоро, петмина ќе одат во болницата во Ла Паз и двајца во болницата Гетафе, која е меѓународно признат центар за лекување на изгореници. Пристигнувањето на овие пациенти се очекува набргу, а болниците имаат сè подготвено за нив. -Бројот на загинати во овој инцидент е над 50, а бројот на повредени надминува 150. Од пламените јазици или чадот загинаа млади луѓе, меѓу кои и 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров. Тој, како и другите, загина обидувајќи се да спаси други луѓе во ноќниот клуб, пишува шпанскиот весник во вчерашното издание. Весникот „20Minutos“, наведува дека одделенијата за изгореници во јавните болници во Ла Паз и Гетафе во наредните денови ќе примат седум лица од Северна Македонија кои беа тешко повредени во пожарот што избувна за време на забава во ноќен клуб во североисточниот град Кочани минатиот викенд. Овој трагичен инцидент ги однесе животите на речиси 60 лица, 155 лица беа повредени во различен степен, а доведе до 15 апсења поради неререгуларните услови во ноќниот клуб. -Заедницата на Мадрид, која ги надгледува двата здравствени комплекси, оваа среда објави дека ќе има евакуации во наредните денови бидејќи на повредените им е потребна „итна“ нега. Ова го соопшти министерот на Претседателството, Мигел Анхел Гарсија Мартин, кој објасни дека регионот на тој начин се става на располагање на погодените од пожарот и на македонските власти кои го активираа механизмот за цивилна заштита на Европската унија за да побараат евакуација на 15 повредени лица со сериозни изгореници. Болниците Ла Паз и Гетафе имаат национално и меѓународно признати единици за грижа на овие пациенти, и затоа се отворени за процесирање на приеми. Од седумте лица кои ќе пристигнат во Шпанија, пет ќе бидат примени во комплексот Фуенкарал, а двајца во оној што се наоѓа јужно од главниот град, наведува весникот „20Minutos“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОткриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површинаВо Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина. По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки. Тагови: камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓанитеДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес. На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици. Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter