Седници на седум собраниски комисии - Канал 5

Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност,  за економски прашања, труд и енергетска политика....

Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност, за економски прашања, труд и енергетска политика, за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог законот за енергетика во прво читање, обележан со европско знаменце, кој со повеќе предлог закони во второ читање од економската област се на расправа во Комисијата за економски прашања труд и енергетска политика.

Две предлог одлуки во второ читање за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија се точките за кои ќе расправа Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникации, пак, треба да го разгледа Годишниот Финансиски план за 2025 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, и двата во второ читање, ќе се најдат пред членовите на Комисијата за транспорт дигитална трансформација животна средина и просторно планирање.

На Законодавно - правната комисија ќе се најдат сите точки од погоре наведените собраниски комисии.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Дваесет и едногодишниот Американец Мајкл Александар Глос потпишал договор со руското Министерство за одбрана и загинал борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор за дигитални иновации на ЦИА.

Глос потпишал договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според протечените податоци од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS).

Бил погребан во САД осум месеци по неговата смрт.

Во системот го внеле вработените во центарот за регрутирање на војници по договор во Москва, а како адреса на живеење - како и кај стотици други странски волонтери - ја наведоа адресата на самиот центар. Патем, во таа просторија се врши и лекарскиот преглед на кандидатите за регрутирање.

Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос починал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некрологот објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави дури осум месеци по неговата смрт.

Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чиј идентитет го открил IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји, вклучувајќи ги и членки на Европската Унија и САД, се приклучиле на руската страна во војната.

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Минувачи го снимиле застрашувачкиот момент кога авион се урна во близина на аеродромот во близина на одморалиштето Хуа Хин во Тајланд.

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето, објави АП.

Авионот, според официјалните лица, бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство. Иако моделот на авионот не е официјално потврден, снимките од местото на несреќата покажуваат дека станува збор за авион од типот „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“ со пропелер.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Хуа Хин, во покраината Прачуап Хири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста.

Снимките што се појавија на интернет го покажуваат моментот кога предниот дел од авионот се урива во морето. Сè се случило на околу 100 метри од брегот.

Како што претходно беше објавено, сите загионати биле полицајци. Петмина од нив починале на самото место, додека шестото лице починало подоцна во болница.

Причината за несреќата засега е непозната. Властите собираат докази, вклучително и податоци од црната кутија на авионот.

Жерар Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

Жерар Пике (38), поранешен фудбалер на Барселона и поранешен сопруг на Шакира, раскинал со својата 12 години помлада партнерка, Клара Чија Марти, според шпанските медиуми.

Жерар Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

Како што објавува списанието „Марка“, шпанската новинарка Адријана Доронсоро го потврди раскинувањето во емисијата „Vamos a ver“. „Имам потврда дека Жерар Пике и Клара Чиа раскинале и моментално ги истражувам причините бидејќи добивам информации за можна вмешаност на трета страна, иако засега ништо не е јасно“, рече таа.

Пике неодамна се фотографираше со непозната жена?

Таа се осврна и на наводниот настан што ги предизвика првите гласини за раскинувањето. Имено, се пишуваше дека Пике неодамна бил виден во слаткарница во Мајами, каде што бил во друштво на непозната црвенокоса жена. Поранешниот фудбалер вообичаено го поминува времето на релацијата Барселона-Мајами, за што шпанските медиуми пишуваат дека е причина за раскинувањето.

Да ве потсетиме дека Пике ја запознал Шакира (48) во 2010 година за време на снимањето на нејзината песна Waka Waka, химната на тогашното Светско првенство. Тие ја потврдија својата врска една година подоцна. Го добија својот прв син во 2013 година, а вториот во 2015 година.

YouTube video

Седум години подоцна, тие ја изненадија јавноста објавувајќи го раскинувањето, среде гласините дека поранешниот фудбалер бил неверен. Недолго потоа, Пике започна врска со Клара Чиа Марти, додека Шакира неодамна беше поврзана со актерот Лусиен Лависконт, познат по улогата во серијата „Емили во Париз“.

притисни ентер