Седницата за избор на нов претседател на Судскиот совет одложена за идната недела

По два часа доцнење, почна и експресно заврши седницата на Судскиот совет која вчера ја закажа заменик – претедателот Селим Адеми за избор на нов претседател.

Во краткото образложение рече дека отсутен бил еден член, а за важни работи требало да се одлучува во полн состав, и закажа нова седница за 2 мај.

„Дебатираме за избор на претседател на Судскиот совет, кој има 13 челна, и добро е таа одлука да се донесе во полн состав. Еден член не е присутен од оправдани причини и подобро е седницата да се одложи за 2 до 5 дена.“

На седницата присуствуваше и вчера разрешената претседателка на советот Весна Дамева која кажа дека покана за денеска не добила. Пред да се гласа по предлогот на Адеми за одложување, Дамева рече дека двата часа одложување не биле доволни за да се обезбеди мнозинство за избор на нов претседател, но и без да навлегува во детали го псочи Адеми дека како заменик претседател требало да ги заштити членовите на советот од можни влијанија и притисоци.

Од 11 до 13 часот не беше доволно, но се надевам дека во наредите два дена ќе има време за потребното мнозинство. Непријатно ми е што ова се случува. Нарушени се нашето однесување и постапување понатаму. Иако, морам да бидам искрена, очекував дека ќе имате мнозинство, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето разрешување, без никаква постапка, ќе се легализира. Требаше да нè заштитите како заменик-претседател и одговорен претседавач на оваа седница од сите влијанија и притисоци. Ставот на секој судија и член е овде и сега, ако некој нема став, тогаш не сме на ниво на задачата да бидеме дел од ова тело. Што ќе се смени за два-три дена?

„Изјавете дали јас, Селим Адеми, ви имам вас извршено притисок, или на некој друг начин.“

Предлогот за одложување на изборот го поддржаа осум членови на советот, четворица беа против. По гласањето заменик – претседателот Адеми не сакаше да одговори дали вчерашната процедура била законска или не.

„Ништо не е никаков проблем. Има институции. Одлуката беше со мнозинство, сите бевте присутни.“

Дамева беше разрешена по неколкучасовни кавги а иако точка на дневен ред беше само нарушените меѓучовечки односи. Адеми откако бараше таа сама да си поднесе оставка или да стави точка за нејзино разрешување на дневен ред, го презеде водењето на седницата во нејзино присуство и побара да се гласа за разрешување на Дамева. Настаните во Судскиот совет со голема загриженост, како што велат, ги следи и Министерството за правда. Оттаму информираа дека дека го побарале записникот за вчерашната седница и усвоениот дневен ред.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер