Седница на социјално економскиот совет, синдикатите не отстапуваат од минимална плата од 600 евра - Канал 5

Седница на социјално економскиот совет, синдикатите не отстапуваат од минимална плата од 600 евра

Нема договор помеѓу Владата, работодавачите и работниците за повисок минималец. Завшри уште една седница на економско социјалниот совет без договор.

Седница на социјално економскиот совет, синдикатите не отстапуваат од минимална плата од 600 евра

Од Сојузот на синдикати со порака македонските работници ќе ја дочекаат Новата година со најниски плати, ако Владата и работодавачите во најкус можен рок не се договорат за раст на минималната плата – првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов вели синдикалната битка ќе ја водат на поинаков начин, бидјеќи според него македонскиот рбаотник остнаува со најнизок минималев во регионот.

Од организацијата на работодавачи изјава за медиумите не дадоа, од бизнис конфедерацијата пак велат до законското усогласување на минималецот в март следната година има шанси за преговори но енормоно зголемување на платите оценуваат дека е невозможно.

„Тоа што го слушнавме е лицитирање со бројки, 600, 700, 800, 1000 евра – и владата и работодавачите нека седнат нека се договороат за кој износ се спремни да ја зголемат минималната плата и нека кажат, меѓутоа предлагаме тоа да го направат најбрзо што можат за да не си ја честитме нова година на различен начин. Сите внатре од другите синдикати беа неми на борбата за повисока плата.“-Слободан Трендафилов – претседател на ССМ

„Законот за работни односи да се прошири и колективното догоаварање со што ќе се вклучи минимлната плата особено во одредени секотри нашиот предлог е дека со договорањето на минимлан плата во одредени сектори може да се намалат и злоупотребите така да топката е помеѓу синдикатите и работодавачите.“- Миле Бошков – Бизнис конфедерација на Македонија

Од владата остануваат на ставот доколку има договор меѓи работодавчаите и работниците тие ќе го почитуваат. Премиер Мицкоски на седницата уште еднаш повторил дека како Влада не се против зголемување на минималната плата, но таквото зголемување мора да биде резултата на заедничка согласнсот постигната преку социјален дијалог.

Аргументите на владат по средбата ги објаснуваше и ресорниот минстер Дурмиши.

„Ние како влада никогаш не сме биел против зголемување на минималната пплата сме кажале дека според сите параметри кои што ги гледаме економските параметри не покажуваат дека треба да интервенираме диркеторно бидејќи ке имаме згоелмвање на инфлацијата, малите и средни претпријатија ќе се соочат со проблеми. “ - Бесар Дурмиши – министер за економија и труд

На денешната седница иако беше најавено, не беше донесена и новата владина поторшоувачка кошничка која според надлежните треба да биде вистниски показател за месечните трошоци на семесјтвата... Министеорт Дурмиши вели процесот е при крај, а во однос на цените на храната рече дека се прават конторли од стрнаа на ДПИ доколку се утврди згоелмување без економска оправданост – како Влада, вели ќе првземат мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот.

Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова.

Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер