ЖивотСеднала во авион покрај прозорец и се смрзнала во истиот момент- патниците во паника (ВИДЕО)Патничка која се качила на летот на „Виз Ер“ за Романија на 28 август доживеала непријатно изненадување, објавува „Дејли меил“.Ана Савин (39), која живее во Лондон, се сместувала на своето седиште, подготвувајќи се за лет до романскиот град Бакау, кога забележала нешто чудно на прозорецот. „Не добивме објаснување“ Ана тврди дека видела пукнатини во прозорецот, во редот зад нејзиното седиште, и дека стаклото било привремено поправено со леплива лента. Таа додава дека бизарната ситуација предизвикала паника кај некои патници. „Персоналот рече дека станува збор за технички проблем во кабината, што го предизвикало доцнењето. Прозорецот веќе бил испукан кога се качивме, па не е јасно што се случило, а не добивме никакво објаснување“, рече таа. Ана ја снимила необичната сцена во авионот, а видеото стана вирално на социјалните мрежи, објави Дејли Меил. Официјална изјава на компанијата Портпаролот на „Виз Ер“ подоцна издаде официјална изјава, која ја објавија странските медиуми: „Безбедноста на патниците, екипажот и авионите е наш врвен приоритет. Иако сцената може да изгледа вознемирувачка, прозорците на авионите се направени од повеќе слоеви од безбедносни причини. Внатрешниот слој има само декоративна функција, додека надворешните слоеви се направени од специјален материјал. Оштетениот слој што се гледа на видеото не ја загрози безбедноста на патниците или авионот. Беше заменет истиот ден.“Тагови: авион паника Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски. Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?По пола година од враќањето во земјава, поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија.Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот. Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook