СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија
Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда
1СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија
2Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
МакедонијаСедма вечер на отвореното културно лето во КарпошВчеравечер Карпошовото културно лето започна со презентација на фолклорната уметност , во организација на АКУД „Мирче Ацев“. Освен домашни групи, танцовите фолклорни ансамбли од Мексико, Романија, Унгарија , Полска и Турција, беа одлична можност, почитувачите на автентичниот фолклор да се насладат на интернационална играорна култура од други земји. Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, во рамки на проектот „ReArt, во кафулето „Ли“, за љубителите на овој вид на уметност, беа изложени и презентирани автентично изработени скулптури од рециклирани материјали, создадени од млади таленти . -Навистина ми претставува особена чест, што вечерва имаме можност да ги видиме овие фасцинантни дела од оваа изложба. Она што го гледаме пред нас е најдобар доказ дека уметноста може да се роди токму таму, каде што најмалку ја очекуваме. Особено ме радува што зад овие дела стојат млади луѓе. Тие ни покажуваат дека креативноста нема граници, а одговорниот однос кон животната средина може да започне со едноставна промена во начинот на кој гледаме на работите околу нас, потенцираше првиот човек на Карпош , Лукровски. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ со почеток од 20:00 часот , во рамки на отвореното кино, беше прикажан филмот „Исцелител“. И овој пат, карпошани, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, гледаа домашен македонски филм, во една релаксирана и опуштена атмосфера. Седмата вечер на отвореното културно лето во Карпош, заврши на најдобар можен начин-со одлична забава со неповторливите Игор Џамбазов и Гуру Харе . Нашиот легендарен шоумен заедно со гитаристот во придружба, направија незаборавна вечер за паметење. Со бравурозен настап, како на „филмска лента“ сe редеа познатите македонски поп-рок хитови и евергрини од познати македонски изведувачи кои ги натераа присутните заедно со Џамбазов и Гуру Харе да пејат и одлично да се веселат. Меѓу своите карпошани во релаксирана и опуштена атмосфера се забавуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во МакедонијаСе потврдува сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ власта на Мицкоски ја спроведува и во Македонија. Влегува српската медиумска машинерија во Македонија и тоа на сомнителен начин со заобиколување и злоупотреба на македонските закони. За ова сериозно прашање денеска алармираат и националните телевизии и јавниот сервис МРТ. Македонската медиумска асоцијација ММА и МРТ соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола. Сериозно е нивното тврдење дека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се во Македонија, а програмата се емитува на македонски јазик. Истиот модел сега се подготвува и за Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата. СДСМ со месеци предупредува: проектот на Вучиќ и неговиот „српски свет“ кој Мицкоски го спроведува и во Македонија не само преку „copy-paste“ политиката туку и преку медиумите, капиталот и контролата врз информациите. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да воспостави контрола врз медиумскиот простор. Операцијата за градење структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија ја водат Началникот задолжен за пропагдана на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. СДСМ во целост ги поддржува баарањата на телевизиите кои јавно предупредија дека нема да го дозволат и побараа институциите да утврдат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРомано: Мармуш во ТотенхемДосегашниот фудбалер на Манчестер Сити, репрезентативецот на Египет, Омар Мармуш преминува во Тотенхем, пренесува Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. Финансиските детали од договорот не се обелоденети. Минатата сезона, Мармуш постигна осум гола на 36 натпревари за Сити. Египетскиот напаѓач подолго време се поврзуваше со трансфер во Тотенхем како дел од голем договор меѓу два англиски клуба, а структурата на трансферот привлече значително внимание во Германија. Мармуш му се приклучи на Манчестер Сити од Ајнтрахт во јануари 2025 година за сума од приближно 75 милиони евра. Франкфурт во договорот вклучи клаузула со која им припаѓаат 15 проценти од каква било добивка што Сити би ја остварил од неговата идна продажба. Според претходните извештаи од Англија, Тотенхем се договорил да го ангажира Мармуш на позајмица со обврска за откуп за околу 50 милиони фунти (приближно 58 милиони евра). Оваа сума е многу слична на износот што Сити му го плати на Франкфурт, што значи дека англискиот шампион не би остварил профит од договорот. Следствено, Франкфурт не би добил ништо врз основа на својата клаузула.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаШтерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агендаСе потврдува она што го говори СДСМ, Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руска агнеда.По години застапување на српски и руски интереси, по кредитот од една милијарда евра, со кинески пари, што Мицкоски го зеде преку Орбан, сега Стоилковиќ промовира проекти исто така со кинески пари. Најавува стратешки инвестиции со Кина и бизнис интереси на туѓи земји. Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина. Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание. Стоилковиќ јавно удира врз стратешките интереси на Македонија заедно со уредникот на 40% од Орбановите медиуми - Началникот Латас. Засилувањето на ова влијание, ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска машинерија преки Ало и Еуроњус во Македонија на чело со Ивона Талевска. Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси. Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook