Седеле 27 часа на школка во стадионот за да ги гледаат ПСЖ-Интер, најлуда приказна од ЛШ - Канал 5

Седеле 27 часа на школка во стадионот за да ги гледаат ПСЖ-Интер, најлуда приказна од ЛШ

Можевме да видиме и слушнеме секакви работи од Минхен за време на финалето на Лигата на шампионите, но веста што штотуку се појави се заканува да ги надмине сите претходни.

Седеле 27 часа на школка во стадионот за да ги гледаат ПСЖ-Интер, најлуда приказна од ЛШ

Имено, двајца белгиски TikToker-и тврдат дека се криеле во тоалетот на стадионот 27 часа за да влезат и да го гледаат натпреварот ПСЖ - Интер?!

Момците Нил Ремери и Сен Хавербеке раскажаа за „VRT News“ како успеале да влезат на стадионот во Минхен, еден ден пред натпреварот, за да се сокријат во тоалетот. Тие направиле знак дека тоалетот е расипан и чекале во мир и тишина повеќе од 24 часа пред другите навивачи да почнат да влегуваат.

- Имавме ранец со грицки и игравме игри на нашите телефони за да го убиеме времето. Светлата беа вклучени цело време, иако седењето на тоалетот беше непријатно, а спиењето невозможно. Тоа го направи сето ова и физички и психички тешко - изјави Ремери за белгиската национална телевизија.

Кога слушнаа дека навивачите почнале да ги користат тоалетите на денот на натпреварот, излегле и поминале покрај обезбедувачите за билети на стадионот и се придружиле на групата од над 86.600 навивачи.

- Внимателно набљудувавме кој обезбедувач е најмалку внимателен. Кога го извадив телефонот, имав храна во рацете, па само поминав покрај него и бевме на трибините - додаде Ремери, нагласувајќи:

- ПСЖ победи со 5-0, а ние бевме меѓу нивните навивачи. Тоа беше најдобриот натпревар што некогаш сум го видел - заклучи тој.

Навивачите кои ги добија своите билети на вообичаен начин платија помеѓу 90 и 950 евра за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер