Купра Леон ќе биде претставена на саемот во Женева. Помалку е важно што Купра сега е посебен бренд и дизајнерите имаа повеќе простор да се изразат.
Агресивниот изглед е првото нешто што треба да се забележи. И тоа оди од предната маска и од големите фарови, преку фасцинантните венчиња до интерактивниот дифузор. Истото важи и за Караван Спорттурер.
Автомобилот е забележително понизок, 25 мм на предниот и 20мм на задниот дел, а поцврстата суспензија е придружена со сопирачки Брембо - одлична основа за моќните мотори.
Точно, затоа што наместо една има четири опции на менито. Најслабата е со 245 КС, и е комбинација на хибрид со бензин 1,4 TSI. Следната доаѓа со 2.0 TSI бензински мотор со исти 245 КС и 370 Nm. Може и посилно, така што има верзија од 300 КС и 400Nm. Конечно, има верзија резервирана за караванот, која вклучува комбинација од 310 КС моќен бензински 4Drive мотор. Достигнува стотка за помалку од пет секунди.
Кабината има карактеристичен потпис на Леон, но сега со многу атрактивен волан, како и со спортски декор. Дигиталниот кокпит исто така е надграден и опремен е со тркачка телеметрија.
Премиерата е на почетокот на март на Саемот за автомобили во Женева, со продажба што се очекува до крајот на годинава.