Пред почетоткот на извлекувањето , беше доделена и посебна награда од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин за легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Ерик Кантона.
Група А: ПСЖ, Реал, Бриж, Галатасарај
Група Б: Баерн, Тотенхем, Олимпијакос, Црвена звезда
Група Ц: Манчестер Сити, Шахтјор, Динамо, Аталанта
Група Д: Јувентус, Атлетико, Баер, Локомотив
Група Е: Ливерпул, Наполи, Салзбург, Генк
Група Ф: Барселона, Борусија, Интер, Славија
Група Г: Зенит, Бенфика, Лион, Лајпциг
Група H: Челси, Ајакс, Валенсија, Лил
Првите натпревари се играат на 17 и 18 септември. Секоја победа во групната фаза носи 2,7 милиони евра , а изњедначен резултат 900 илјади.
Двете најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во осмина финалето, третопласираната оди во Лига Европа, а само последниот тим во групата ја завршува европската авантура.