Се жени синот на најбогатиот Индиец- Ријана ќе пее на свадбата - Канал 5

Се жени синот на најбогатиот Индиец- Ријана ќе пее на свадбата

Милијардерот Мукеш Амбани го жени синот.

Се жени синот на најбогатиот Индиец- Ријана ќе пее на свадбата

Шефот на индискиот конгломерат Reliance и најбогатиот човек во Индија, со нето богатство од 114 милијарди долари според Форбс, подготвува огромна прослава за својот син и неговата сопруга, објави Дејли Меил.

Анант Амбани (28) се жени со својата долгогодишна девојка Радика Мерчант (29). Предсвадбената прослава ќе трае три дена, почнувајќи од овој петок, иако официјалната венчавка ќе се одржи дури во јули. Информациите за венчавката се уште не се познати.

Ријана ќе пее на нивната прослава и веќе пристигна во Индија. Заедно со поп и ар-ен-би суперѕвездата, на прославата ќе настапи и американскиот магионичар Дејвид Блејн, а во храмскиот комплекс ќе се одржат и традиционални церемонии.

Ријана веќе пристигна во Индија.

На предсвадбената забава на Анант најверојатно ќе присуствуваат Бил Гејтс, индиските милијардери Гаутам Адани и Кумар Мангалам Бирла, како и многу играчи на крикет и боливудски филмски ѕвезди како Шах Рук Кан и Салман Кан... Извршниот директор на Дизни, Боб Игер, исто така, најверојатно ќе присуствува .

Гостите на прославата ќе вкусат 500 јадења дизајнирани од околу 100 готвачи. Кодексот на облекување е „Jungle Fever“ и на гостите им се препорачува да носат облека со животински принт или хавајски кошули.

Пред шест години Мукеш Амбани ја омажи својата ќерка Иша на екстравагантна свадба. За неа пееше Бијонсе, а свадбата беше организирана на италијанското езеро Комо, но подоцна и во Мумбаи и Раџастан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство.

„Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини.

На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино.

Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието.

Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја.

Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите?

Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?

Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Уште еден, шести по ред  смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. 

Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска.

Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер