2Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина
3Порше ја слави 100- годишнината на тркачката патека во Нирнберг со новиот „911“ во 100 примероци (ФОТО)
ЗдравјеСе зголемува листата на чекање за сместување во геријатриската установаГеријатриската болница денеска за прв пат доби пет годишна акредитација за работа од Агенцијата за оценување на квалитет и акредитација.Голем број пациенти чекаат да бидат сместени во единствениот здравствен објект за геријатриска и палијативна медицина во Македонија, специјалистичката болница, „13 Ноември“ , особено по скандалите со приватните домови за стари лица, рече директорката на болницата, Ленче Нелоска. Според неа, изминатиов период е значително зголемен притисокот за сместување на хронично болните и дементни пациенти, каде листата за чекање е најголема. Директорката на болницата најави наскоро изградба на центар за хронични рани и гангрени. Новиот објект како што се предвидува ќе содржи 18 амбуланти, околу 100 геријатриски кревети и операциона сала, а ќе биде во непосредна близина на постоечкиот објект, на местото на старите бараки. Геријатриската болница денеска за прв пат доби пет годишна акредитација за работа од Агенцијата за оценување на квалитет и акредитација. Директорката на Агенцијата, Билјана Димитрова посочи дека ќе продолжи со мониторингот врз работата на установата за да утврди дали стандардите се одржуваат во континуитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧешкиот премиер Бабиш се извини зашто собирал цвеќиња во национален парк (ВИДЕО)Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе ја плати казната доколку е потребно.Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата сеќавајќи се на својот покоен колега од неговото движење АНО, со кого се искачувал на таа планина. „Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе ја платам казната доколку е потребно“, рече тој. Снимките од искачувањето во саботата, објавени на Фејсбук страницата на Бабиш, го прикажуваат премиерот како се искачува со мал букет цвеќе, кој потоа го положил на споменикот на врвот. На Бабиш му се придружија двајца министри, политичари од партијата АНО и нивните симпатизери на врвот висок 1.324 метри. Лиса Хора е највисокиот врв на Моравско-шлеските Бескиди. Екологист: „Тоа се сосема обични цвеќиња“ Експерт за животна средина, кој работи за организација под надзор на чешкото Министерство за животна средина, изјави за чешкиот медиум iDNES дека Бабиш набрал два сосема вообичаени вида и дека е малку веројатно дека ќе биде казнет. „Тоа се сосема обични цвеќиња. Апсолутно никаков проблем, дури ни во национален парк“, рече експертот, чие име не беше објавено од медиумите.Тагови: Бабиш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРибар преживеал 15 дена без храна во темна пештера- и спасувачите не верувале дека ќе го најдат жив (ВИДЕО)Рибар од Мексико преживеал повеќе од две недели заробен во подземна пештера откако исчезнал во една од природните дупки додека ловел риба.Операцијата за спасување траела со денови, а неговото преживување е „чудо“ за јавноста. „Бог имал други планови“ Ерасто Крисанто Валдес (31) исчезнал на 23 јули додека ловел риба со својот татко во сенота, природен отвор во градот Сан Франциско Ла Паз, Мексико. Дури 15 дена подоцна, на 7 август, спасувачка екипа успеала да го пронајде и да го извлече на површината, објавува Дејли Меил. На шестиот ден од потрагата, властите пронашле харпун што Валдес го носел на длабочина од 65 метри. Ова била првата трага што укажувала каде би можел да биде. Сепак, никој во тоа време не знаел дека рибарот е сè уште жив. Две недели подоцна, спасувачите го пронашле Валдес во пештера што се наоѓала повеќе од 100 метри под површината. Таму имало „воздушен џеб“, што му овозможувал да остане жив. Експерти од Мексико, Германија, САД и Доминиканската Република учествуваа во потрагата. „Бевме подготвени да го пронајдеме неговото безживотно тело. Но, Бог имаше други планови“, рече спасувачот Карлос Хименез. Валдес беше изнесен на површината на носилка. По повеќе од две недели без храна, тој беше дехидриран и слаб. Со брза помош беше однесен во болница во неговиот роден град Уксапанапи. 🚨 ¡Milagro en Veracruz! 🙏🏼✨ Tras 15 días desaparecido, el pescador Erasto Crisanto (31) fue hallado con vida al fondo de una caverna de 100 metros en un cenote de Uxpanapa. 🕳️😱 Sobrevivió dos semanas sin alimento. pic.twitter.com/bmUj3TpU8h — Canal 13 Oaxaca (@canal13oaxaca) August 10, 2026 „Не можев да го најдам излезот“ „Фала му на Бога што ми даде уште една шанса за живот и ми овозможи повторно да ги видам моите деца и семејство. Ова е чудо - неверојатно чудо“, подоцна изјави тој за медиумите. Валдес рече дека завршил заробен под земја откако се обидел да ја фати рибата Centropomus undecimalis. Сепак, не можел да се врати на површината. „Не можев да го најдам излезот. Како времето да беше скратено, како да застанало“, објасни тој. Неговиот татко се обиде да го пронајде, но без успех, а потоа побара помош. Во потрагата првично учествуваа членови на семејството, локалното население и членови на цивилната одбрана, а подоцна беа вклучени нуркачи од мексиканската морнарица и меѓународни експерти. Валдес официјално беше пријавен за исчезнат на 26 јули. Четири дена подоцна, властите објавија дека почетната фаза од потрагата е завршена, но дека пошироката потрага ќе продолжи. Пештерата во која беше заробен Валдес не беше истражена претходно. По две недели, спасувачите пронајдоа и резервен резервоар за воздух длабок околу 100 метри. Ова беше уште еден важен траг. Пиеше вода, се молеше и спиеше Следниот ден, наидоа на голема „сува“ пештера. Го повикаа рибарот по име, а тој се јави! „Не можев да го видам, но му реков дека се враќам по него“, рече еден од спасувачите. Се верува дека Валдес преживеал благодарение на река што течела низ „сува“ пештера, од која можел да пие вода. Самиот Валдес ги опиша деновите поминати во целосен мрак многу едноставно - тој пиеше само вода, се молеше и спиеше. ✨ Sobrevivió 15 días atrapado en un cenote. Erasto Crisantos, un pescador de 31 años, volvió a nacer tras quedar atrapado bajo tierra en Uxpanapa, Veracruz. Gracias a una cúpula de aire, a la labor de los buzos y a su fe inquebrantable, logró reunirse con su familia.… pic.twitter.com/54gCU0OhlN — Excélsior (@Excelsior) August 15, 2026 Тој го изгубил сето чувство за време. Толку многу што, според неговите сопствени зборови, мислел дека поминал 72 часа во пештерата. Наместо тоа, поминале 15 дена.Тагови: Пештера рибар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина Русија издаде потерница за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, поради учество во борбите во Украина во 2022 година.Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде функцијата 26-ти министер за здравство во администрацијата на Доналд Трамп на 13 февруари минатата година, иако неговото назначување предизвика критики поради претходните контроверзни изјави, особено оние за вакцините, пишува „Киев пост“. US Health Secretary’s son fought for Ukraine: Russia has now put him on an international wanted list 32-year-old Conor Kennedy is the son of US Health Secretary Robert F. Kennedy Jr. In 2022, he joined Ukraine’s International Legion and fought alongside the Ukrainian Armed… pic.twitter.com/grmUOYYBGv — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 Судска постапка во Москва На 12 август, московскиот Басмански окружен суд го одобри апсењето на Конор Кенеди во отсуство и стави потерница врз него, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Според кривичниот законик на Русија, Кенеди е обвинет за платеник, за што е пропишана затворска казна од седум до десет години. ТАСС известува дека адвокатот на Кенеди поднел жалба на одлуката, но судот ја потврдил првичната пресуда. Ангажман во Меѓународната легија Конор Кенеди напиша за својот престој во Украина на Инстаграм во октомври 2022 година. Во објавата, тој изјави дека бил длабоко трогнат од она што го видел како се случува во Украина. Тој нагласи дека немал воено искуство пред да оди во војна и дека само на неколку луѓе им кажал за својата одлука. „На едно лице овде му кажав каде сум, а на едно лице таму моето вистинско име. Не сакав семејството или пријателите да се грижат, ниту пак сакав таму да се однесуваат поинаку кон мене“, напиша Кенеди. View this post on Instagram A post shared by Conor Kennedy (@jconorkennedy) Статус на странските борци Украинската меѓународна легија е основана веднаш на почетокот на руската инвазија во 2022 година за да собере странски волонтери. Тие служеле во неа како полноправни војници под исти услови како и украинските војници. Москва, од друга страна, го оспорува нивниот статус и ги обвинува дека се платеници. Легијата беше распуштена во февруари 2026 година, а странските војници што останаа во неа беа префрлени во редовни украински единици. Конор Кенеди беше познат и на јавноста по неговата кратка врска со американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт во текот на 2010-тите. Во март 2026 година, тој се ожени со бразилската пејачка Џулија Бе.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29