Се зголемува бројот на гладни луѓе во Судан

Во најновиот извештај на Обединети нации се предупредува дека во следните месеци 755.000 луѓе ќе се соочат со глад во Судан.

Во извештајот се посочува оти по 14 месечните судири во Судан 8,5 милиони луѓе се соочуваат со екстремен недостиг на храна и дека гладот се проширил и во главниот град Картум и провинцијата Џазира.

Конфликтот во Судан почна во април 2023 година со борбите за превласт помеѓу армијата предводена од генералот Абдел-Фатах Бурхан и паравоените Сили за брза поддршка, под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Според податоците на ОН во конфликтот се убиени повеќе од 14.000 луѓе, а 33.000 се повредени. Борбите ја предизвикаа најголемата светска криза, кој принуди над 11 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Експертите за човекови права во ОН изјавија дека двете завојувани страни ја користат храната и гладот како оружје. /МИА

Дневен хороскоп за 30. јуни 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 30. јуни 2024 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрување на љубовната состојба кај вас би можело да предизвика и зголемување на љубовните апетити. Сепак , приземјете се на кратко.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збуниваат со својата чувствителност. Внимавајте да не ви најдат грешка во деталите.

Здравје и совет

Расте вашиот копнеж.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос.

Кариера

Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе.

Здравје и совет

Можна е несоница.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате.

Кариера

Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално.

Здравје и совет

Ништо не коментирајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа.

Кариера

Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно.

Здравје и совет

Договарајте се.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе ги мешате обичните пријатни ситуации и нешто сосема неочекувано што спаѓа во светот на фантазијата. Балансирајте.

Кариера

Креативците денеска ќе си дојдат на своето. Брилијантитните идеи ќе им доаѓаат самите од себе , а околината најверојатно ќе им даде поддршка.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека треба да реагирате или да се вмешате. Веќе утре се ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава.

Здравје и совет

Помогнете доколку е потребно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веќе ве заморуваат љубовните недоразбирања , но што е , тука е. Ниту дернеска нема да биде подобро , но затоа вие можете помирно да минувате низ сето тоа.

Кариера

Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија.

Здравје и совет

Одморете се по напорниот ден.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Својот љубовен живот денеска ќе се обидете да го збогатите со некои необични еротски идеи. Тоа не мора да и се допадне на другата страна.

Кариера

Колегите на работното место се повеќе ве ценат и ве почитуваат , па врз основа на тоа градете ја својата новостекната доверба.

Здравје и совет

Држете се до законот и редот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило.

Кариера

Можно е дека ќе добиете заслужено признание или јасно ќе се покажат резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно е претерување или фалби во односите со другите. На некои можеби тоа ќе им биде симпатично , а некои ќе се нервираат.

Кариера

Сите дејности во кои се бара суптилност , интуиција , креативни таленти или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Кога јадете , немојте да брзате и само да ја голтате храната.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја.

Кариера

Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Луцидноста и оригиналноста ќе бидат ваши доминантни особини на денот со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие.

Кариера

Доколку сте решиле да делувате од сенка, денеска е денот во кој на таков начин можете да постигнете завидни резултати.

Здравје и совет

Свртете се малку повеќе кон себеси.

Вил Смит објави нова песна: Музиката ме подигна

Вил Смит објави нова песна наречена „You can make it“. Познатиот актер и рапер песната ќе ја изведе во живо на 30 јуни на доделувањето на наградите „BET“.

Вил направи пауза од својата музичка кариера откако ја објави песната „Get Lit“ во 2017 година. Пред тоа тој исто така имаше пауза од речиси 12 години по студискиот албум „Lost and Found“ објавен во 2005 година.

Смит на својот Инстаграм профил сподели видео како свири дел од својата нова песна на пијано. „За време на некои од најтемните моменти, музиката беше покрај мене - да ме подигне и да ми помогне да пораснам. Моја скромна желба е музиката да го направи истото за вас и да ви ја донесе сета радост и светлина што ја заслужувате“, напиша тој во описот на видеото.

Сирија: Терористичката група „Исламска држава“ убила над 4000 луѓе од поразот во 2019 година

 Џихадистите од терористичката група Исламска држава (ИД) убиле околу 4100 луѓе во Сирија откако го загубија своето последно упориште во земјата во 2019 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за мониторинг на човекови права (СОЧП).

ИД презеде контрола над делови од Сирија и Ирак во 2014 година, прогласувајќи калифат и наметнувајќи режим на терор пред да биде поразена во 2019 година од меѓународната коалиција предводена од САД и курдските сили.

По територијалниот пораз, џихадистите се повлекоа во огромната сириска пустина и продолжуваат со смртоносни напади, главно насочени кон армијата и силите доминирани од Курдите.

Од 2019 година, борците на ИД убиле околу 4100 луѓе во повеќе од 2550 операции во областите под контрола на режимот или под контрола на полуавтономната курдска управа, соопшти Опсерваторијата.

Повеќето од жртвите се војници, но бројот на жртви, исто така, вклучува 627 цивили, наведува СОЧП, чија седиште е во Обединетото Кралство, но има широка мрежа на извори низ Сирија.

Едвај поминува ден без напад, заседа, целна операција или изненаден напад од џихадистите во регионот, истакнува организацијата додека режимските сили и групите што ги поддржуваат редовно спроведуваат безбедносни операции во пустината, со поддршка на руските воени авиони.

ИД претрпе тешки загуби со повеќе од 2000 убиени џихадисти, вклучувајќи водечки функционери, наведува СОЧП.

Извештајот на Обединетите нации објавен во јануари проценува дека бројот на борци на ИД во Ирак и Сирија се движи од 3000 до 5000.

Во граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година по бруталната репресија на владата врз продемократските демонстрации, загинаа над половина милион луѓе, што ја подели земјата./МИА

притисни ентер