Се здружија, Мадона, Бијонсе , Ријана и Алиша Кис !! - Канал 5

Се здружија, Мадона, Бијонсе , Ријана и Алиша Кис !!

Музички ѕвезди „тешки “ повеќе од една милијарда се здружија. Во Њујорк е преставен новиот стриминг сервис „Тајдел“ , за ѕвезди на вечерта беа Мадона, Ријана, Бијонсе и Алиша Кис, четирите пејачки кои заедно вредат повеќе од една милијарда.

Се здружија, Мадона, Бијонсе , Ријана и Алиша Кис !!
Мегапопуларните пејачки без проблем позираа пред фоторепортерите задоволни од својот нов бизнис потег кој сигурно ќе им го зголеми богатството. Имено, токму тие ќе бидат косопственички на новиот претплатнички сервис. Покрај стандардната месечна претплата од 9,99 долари„Тајдел“ во понудата ќе има и звук со висок квалитет „ haj fidelity“ за претплата од 19,99 долари месечно.

Пејачката Алиша Кис објараќји се во името на сите четири сопственички изјави дека се надева дека Тајдел засекогаш ќе го смени курсот на музичката историја:
-Нивната мисија ги надмина трговијата и технологијата, истакна Кис .

Покрај четирите мега популарни пејачки на промоцијата беа присутни и голем број на музичари и бендови.

Инаку интересно сервисот „Тајдел“ неодамна го купи сопругот на Бијонсе продуцентот и раперот Џеј Зи за 56 милиони долари.

Во стратегијата на Џеј Зи е музичарите на сервисот „Тајдел“ да ги емитуваат своите нови песни една недела пред тие да бидат пуштени на други сервиси , со што би добиле на екслузивност.

Корисниците на сервисот ќе може да слушаат музика и да гледаат спотови на своите компјутери, паметни телефони и таблети.

Инаку богатството на косопственичките се проценува на околу една милијарда.

Ријана „тежи “ околу 44,4 милиони долари и има продадено повеќе од 150 милиони албуми.
Алиша Кис – 46, 3 милиони долари, 35 милиони албуми и 30 милиони сингла.
Мадона- 739, 8 милиони долари, повеќе од 300 милиони продадени албуми.
Бијонсе - 406, 9 милиони долари, повеќе од 75 милиони соло албуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пагани го претстави уникатниот модел- надворешноста е со дијамантска прашина (ФОТО)

Уникатниот Pagani Huayra 70 Anima ја комплетира трилогијата посветена на роденденот на Хорацио Пагани. 

Пагани го претстави уникатниот модел- надворешноста е со дијамантска прашина (ФОТО)

Има боја како дијамантска прашина и рачен менувач, а бројките за перформансите сè уште не се објавени.

Обоен дијамантски прав, платински украси и шест издувни цевки. Новиот Pagani Huayra 70 Anima привлекува внимание дури и пред да се запали неговиот V12 мотор, а е направен во само еден примерок.

Автомобилот беше претставен на 31 октомври на настанот Wynn Concours во Лас Вегас. Беше лично откриен од основачот на брендот, Хорацио Пагани, на чиј 70-ти роденден е посветена целата серија Huayra 70. Anima е неговиот трет и последен автомобил, по Trionfo и Derecho. Сите три беа изложени таму заедно за прв пат пред јавноста.

Дијамантска прашина и платина на каросеријата

Името Anima значи „душа“ на италијански, и тешко е да се најде детаљ на овој автомобил на кој не му е посветено посебно внимание.

Деловите од каросеријата со видлив шар од јаглеродни влакна се комбинирани со специјална метална боја што содржи дијамантска прашина. Исто така, има темно сини детали и рачно украсена линија од тенки платински листови.

Големото задно крило, нагласените отвори за воздух и високиот отвор за воздух зад седиштето му даваат изглед на тркачки автомобил. На задниот дел, се издвојуваат шесте издувни цевки со бела керамичка завршница.

Рачниот менувач е првата и единствена опција

Во кабината доминираат бели тапацири, сини детали и машински обработен метал. Но, ентузијастите за возење веројатно ќе бидат повеќе заинтересирани за трите педали и рачката за менување брзини помеѓу седиштата.

Анима има седумстепен мануелен менувач, а неговиот механизам е оставен видлив. Со V12 мотор со два турбополначи, рачното менување брзини е една од главните карактеристики на овој уникатен автомобил. Пагани првпат понуди мануелен менувач во Хуаира со верзијата Епитом, претставена во 2024 година.

Моќноста и цената сè уште не се објавени

Пагани сè уште не објави колку е моќна Анима. Затоа не треба да се припишуваат броевите на другите верзии на Huayra, иако тие се појавуваат во извештаите за новиот автомобил.

Цената исто така не е објавена. Досега е познато дека ова е еден примерок што ја заокружи роденденската серија, а не потврден крај на производството на сите Huayri. Со други зборови, очекувајте износи што го прават Pagani (повторно) најскапиот нов автомобил во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полска на раб на политичка криза, Туск ја обвинува Москва: Сакаат нестабилност (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Русија дека се обидува да поттикне „нестабилност“ во Полска со мешање во спорот меѓу неговата влада и претседателот околу Уставниот суд.

Полска на раб на политичка криза, Туск ја обвинува Москва: Сакаат нестабилност (ВИДЕО)

Кризата околу назначувањето судии во Уставниот суд на Полска за време на викендот доведе до отворен конфликт меѓу претседателот Карол Навроцки, националист, и проевропската влада на Туск, чиј конфликт тлее веќе некое време.

Тензиите достигнаа врв минатата недела, кога претседателот на Уставниот суд, кој е близок до националистите на Карол Навроцки, беше суспендиран, а поддржувачите се собраа пред зградата на судот за да ја покажат својата поддршка.

Руските политичари, вклучувајќи го и Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, ги опишаа потезите на владата на Туск во спорот околу Уставниот суд како „државен удар“.

„Ги забележуваме активностите на Русија и проруските политичари, и на меѓународно и на домашно ниво, кои се обединуваат околу нашата цел да го одбраниме Уставниот суд од агресивното однесување на политичарите и демонстрантите што ги поттикнуваат“, рече Туск на состанокот на кабинетот.

„Сите знаеме како Русија ја користи можноста да се меша во внатрешните конфликти. Денес сме сведоци на тензии поттикнати од Русите, без разлика дали во врска со среднорочните избори во Соединетите Американски Држави или преку поттикнување чувство на нестабилност во Полска, врз основа на агресивното однесување на опозициските политичари и претседателот“, рече полскиот премиер.

Руската амбасада во Варшава не одговори веднаш на барањето за коментар од Ројтерс.

И покрај нивното горчливо лично и политичко соперништво, и Туск и Навроцки се долгогодишни критичари на Русија, особено поради нејзината инвазија на Украина во 2022 година.

И двајцата поддржуваат зголемување на трошоците за одбрана во услови на она што го сметаат за закана од Москва за европската безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прв пат се огласи голманот, кој усмрти фудбалер: Најтешки денови во животот, почивај во мир

Хесус Овоно, голманот на Андора, за првпат проговори по смртта на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел.

Прв пат се огласи голманот, кој усмрти фудбалер: Најтешки денови во животот, почивај во мир

Да потсетиме, сѐ се случи во судиското надополнување, кога Овоно истрча на речиси половина терен и непромислено реагираше, удирајќи го Мигел со колено. Паднал на теренот, брзата помош веднаш притрчала, фудбалерот бил во несвест и не дишел. Подоцна имаше информации дека повторно дише, но дека е во несвест.

Потоа стигна информацијата дека е на интензивна нега, но дека неговата состојба е стабилна и подобра. За жал, најлошата можна вест дојде подоцна утрото, кога беше објавено дека Хесус де Мигел починал.

- Ова се најтешките денови во мојот живот. Тешко ми е да најдам зборови и многу ми е тешко да прифатам се што се случило. Чувствувам огромна болка поради смртта на Хесус. Мислам на него, на неговото семејство и на сите луѓе кои го сакаа. Знам дека ќе има многу прашања на кои треба да се одговори и ќе се соочам со се што доаѓа со најголема почит. Но, во моментов, искрено не можам да размислувам за ништо друго освен за Хесус и болката низ која сите поминуваме. Почивај во мир Хесусе - напишал Овоно на кого му е многу тешко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер