Се затуркавме со Словенката која да застане до Тито, кавадарчанка се сеќава на роденденот на Маршалот - Канал 5

Се затуркавме со Словенката која да застане до Тито, кавадарчанка се сеќава на роденденот на Маршалот

На роденденот присуствувале делегации од пионери, младинци, работници, борци ветерани.

Се затуркавме со Словенката која да застане до Тито, кавадарчанка се сеќава на роденденот на Маршалот

Се затуркавме со Словенката која да застане до Тито, вака во изјава за МИА денеска се потсети кавадарчанката Фруска Костадиновска, која на денешен ден во 1967 година, била дел од младинската делегација присутна на роденденот на претседателот на СФРЈ во Белград.

-Оваа фотографија на која јас сум веднаш до Тито од негова лева страна, ми е посебно драг спомен. Откако се затуркавме кој да застане до претседателот на државата во Белиот двор, најдовме компромисно решение и таа отиде скалило подолу, а јас зад неа. Така двете бевме до Тито. Бев трета година гимназијалка и избрана да одам на свеченоста, од страна на Младинскиот комитет на Кавадарци. Десетмина бевме од нашата република, евоцираше спомени таа.

На роденденот присуствувале делегации од пионери, младинци, работници, борци ветерани.

-Тито и неговата сопруга Јованка поминаа крај сите делегации. Задржувајќи се во краток разговор, не праша, како сте Македонци, се интересираше за активностите кои ги имаме. Најмногу ми остави впечаток неговиот изглед. Беше многу ведар, многу харизматичен. Подоцна бевме на традиционалното предавање на штафетата на младоста, раскажа таа.

Се присети исто така дека соучениците со професорите ја земале од Белград и заедно заминале на екскурзија во неколку европски земји.

Татко и веднаш ја однел на врамување, фотографијата што им стигнала по пошта.

Костадиновска е пензионер, целиот работен век го помина како новинар во Радио Кавадарци, каде 9 години беше и директор. Се јавуваше и како дописник на МРТВ и МИА, при основањето на Агенцијата. Беше вклучена во општествено политичкиот живот на градот. Претседател на жени и Социјалистички Сојуз, потпретседател на општина, претседател на Здружени радио станици, основач на Центарот за радио, печат и издавачка дејност „Мито Хаџивасилев-Јасмин".

До неодамна таа беше секретар на Здружение на пензионери од Кавадарци. Многумина ја паметат како извонреден толкувач на улогата на Алексис во „Кавадаречка династија", која се емитуваше на кавадаречкото радио, но стекна популарност и пошироко.

-Важев за строг директор, можеби и затоа ја добив улогата на змијата Акексис, коментира таа за МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер