Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
1Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
2Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
БалканСе запали луксузен хотел во Атина – Десетина повредени (ВИДЕО)Властите во Грција денеска соопштија дека пожарот во луксузниот хотел во Атина е подметнат .Во пожарот , за среќа нема жерви ,а три лица се хоспитализирани , додека противпожарната служба се обидувала да ги евакуира гостите и вработените. И полицијата и инспекторите во противпожарната служба се сомневаат дека пожарот во хотелот Атинахам во четвртокот попладне бил намерно потпален, откако во просториите биле пронајдени неколку контејнери со запалива течност. Тие рекоа дека пожарот започнал истовремено на три места на два одделни ката. Биле спасени околу 40 лица , меѓу кои дваесетина добиле лекарска помош поради задушување. Три лица и натаму се хоспитализирани, меѓу кои и една жена во сериозна состојба. Досега не се извршени апсења.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЗдравјеМЗ: Во Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдромВо Македонија првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна генетска болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.По спроведените потребни медицински испитувања, утврдена е компатибилност меѓу донорот и примателот, а мајката е оценета како соодветен жив дарител. Нејзината одлука му дава на детето нова шанса за живот и претставува значаен медицински успех во третманот на пациентите со ретки заболувања. „Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, вели министерот за здравство, Сашо Клековски. Пред неколку дена, министерот Клековски ги посети пациентите на кои им беше извршена трансплантација на бубрег на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти беше трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот беше извршена трансплантација од жив дарител. Со овие три трансплантации, вкупниот број трансплантации на бубрег на Универзитетската клиника за урологија годинава достигна 15, во споредба со 11 трансплантации во текот на цела 2025 година. Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која го зафаќа бубрежното ткиво, а во потешките случаи може да доведе до бубрежна слабост и потреба од дијализа. Овој случај покажува дека со соодветна дијагностика, темелна медицинска процена и внимателна подготовка, трансплантацијата може да биде можност и за пациенти со ретки генетски заболувања. „Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народМакедонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година.Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година, по која следува воспоставување српска окупаторска власт врз Вардарска Македонија и жесток српски терор врз етничките Македонци и други несрпски народи во Македонија. За македонскиот народ, овие историски настани не претставуваат национално ослободување, туку почеток на нов период на туѓа власт, национално потиснување и негирање на македонската посебност - етноцид. Неприфатливо е на територијата на Македонија да се слават историски настани кои за етничките Македонци претставуваат симбол на окупација и национално понижување. Ваквите манифестации, особено кога имаат карактер на шовинистичко величање на минатите освојувања, можат да предизвикаат меѓуетнички тензии, да ја нарушат меѓусоседската доверба и да ги оживеат историските поделби во регионот. Македонски Концепт смета дека почитувањето на српската историска меморија не смее да се претвори во негирање на македонското историско искуство. Историските освојувања не смеат да бидат повод за современи националистички демонстрации на територијата на Македонија. Ги повикуваме надлежните македонски институции да обезбедат почитување на достоинството на македонскиот народ и да реагираат на секое јавно поттикнување етничка омраза или величање на национално потчинување. Посебно очекуваме од министерот за култура Седат Сулејмани да преземе соодветни мерки за забрана на вакви настани во иднина. Македонски Концепт се залага за пријателски и рамноправни односи со Република Србија, засновани врз заемно почитување, историска чувствителност и почитување на македонскиот национален идентитет. Пријателството меѓу народите се гради со меѓусебна почит, а не со прославување на историските порази и страдања на соседите. Македонија мора да биде држава во која историското достоинство на македонскиот народ ќе биде почитувано и заштитено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со ВучиќПадот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ. Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции. Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови. Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки. Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ. Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ. Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија. Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ. И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива. Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter