Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)
2Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)
МакедонијаСе запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на Водно, нема повредениДвокатен автобус на ЈСП Скопје утринава се запали на Водно... Во несреќата нема повредени, а брзата интервенција на возачот спречила пожарот да се прошири и кон шумата... Црн чад се издигна над Скопје – двокатен автобус на ЈСП, наместо на следната постојка заврши во пламен. За среќа во моментот бил без патници, а поради храброста на возачот, кој опожарениот автобус го одвел до пошироко место без вегетација, избегната е и поголема катастрофа – огнот да се префрли врз шумата. Кон целосно отстранување на опасноста клучни биле и скопските пожарникари кои експресно го совладале огнот. Од ЈСП велат дека допрва ќе се утврдуваат причините, но неофицијално, причина за пожарот била инсталацијата на возилото која се запалила. „Во мигови кога секоја секунда е драгоцена, возачот реагирал брзо, присебно и одговорно. Веднаш ги презел сите неопходни мерки и сосвојата навремена реакција спречил многу посериозни последици, поголема материјална штета и проширување на огнот кон околниот простор. Изразуваме искрена благодарност до возачот за покажаната храброс, смиоренос и професионалност. Безбедноста на патниците е, и секогаш ќе биде наш највисок приоритет.“ Екипата на Канал 5 го затекна и сервисното возило кое на опожарениот двокатен автобус му го даде последното возење низ Скопје пред да заврши во историјата, го спушти по падините на Водно, носејќи го во гаражите на ЈСП во Ѓорче Петров. Она што остана од двокатниот автобус во овој момент се транспортира во гаражите на ЈСП, а него го влече возило, постаро од половина век. Ова не е прв пат да се запали возило на ЈСП.. Во јануари минатата година инцидеднтот беше далеку посериозен кога во возење се опожари автобус на линијата 58 во движење и целосно изгоре. Патниците тогаш одвај се евакуираа, а еден од нив беше и хоспитализиран поради вдишан чад. Возачот исто така заврши на лекар. Ваквата состојби на автобусите повторно го вклучија алармот за подновување на возниот парк на ЈСП, што треба да се случи кон крајот на годинава или почетокот на следната откако тендерот заврши, а избрана е унгарската фирма Икарус Електрик, во конзорциум со Жонгтонг Бус холдинг и ЕВН. Ќе се набавуваат 150 електрични автобуси, 100 од нив се за Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеностЖителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност. Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода. „Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“. Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРасте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати откако ферибот се преврте покрај брегот на Кипар.Фериботот, кој се движеше кон Турција од северниот град Киренија, превезуваше 259 патници и осум членови на екипажот. Според турските власти во северен Кипар, спасувачите стигнале до 237 лица. Повеќе од 160 се спасени и извлечени на брегот или се транспортираат. Досега се пронајдени седум тела, додека судбината на 23 лица сè уште е непозната. View this post on Instagram A post shared by Kıbrıs Postası (@kibrispostasi) Идентитетите на жртвите засега не се објавени. Властите исто така не го објавија точниот број на повредени лица. Тие рекоа дека сите повредени кои беа извлечени се префрлени или се префрлаат во болници. Бројни спасувачи, нуркачки екипи и хеликоптер се на местото на настанот, летајќи над областа и помагајќи во евакуацијата на преживеаните. Фериботот се превртел кратко по напуштање на пристаништето. Според преживеаните патници, кратко по напуштањето на пристаништето, забележале дека вода влегува во предниот дел на бродот, за што веднаш ги известиле властите. View this post on Instagram A post shared by BAĞIMSIZ GAZETE (@bagimsizgazetesi) Некои патници кои беа извлечени на брегот тврдат дека „екипажот не реагирал соодветно“ и дека капетанот не почнал веднаш да го свртува бродот и да се враќа во пристаништето. Откако водата веќе многу навлегла во фериботот, тој почнал да го свртува, кога бродот се превртел. View this post on Instagram A post shared by Hasan Öztürk (@mvhasanozturk) Тагови: кипар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПремиерката на Исланд со реакција по референдумот: Ова не го сметам за пораз Граѓаните на Исланд на референдум одлучија да не започнат преговори за приклучување кон Европската Унија.Според податоците објавени од јавниот радиодифузен сервис RUV во неделата, откако беа преброени повеќето гласови, опцијата „против“ доби 52,8 проценти, додека 47,2 проценти од гласачите гласаа за започнување преговори, објавува The Guardian. Реакција на премиерката Владата во Рејкјавик, која го предложи референдумот, водеше кампања за почеток на преговорите. Премиерката Криструн Фростадотир изјави пред гласањето дека тоа е можност „сега или никогаш“ и дека негативниот исход трајно ќе ја заврши дебатата за членство. По објавувањето на резултатите, таа рече дека се надева дека гласањето нема да создаде поделби во општеството. „Не го гледам ова како пораз. Знам дека некои луѓе се во шок, но разговарав со голем број граѓани низ целата земја и луѓето се отворени за различни исходи“, изјави Фростадотир за RUV. Таа призна дека многумина во Исланд, особено во руралните средини, се загрижени за влијанието на членството врз земјоделството, рибарството и природните ресурси. „Ветувам дека ќе се справиме одговорно со тие теми и ќе ги почитуваме тие стравови“, рече таа. Аргументи во кампањата Застапниците на приклучувањето кон ЕУ тврдеа дека членството може да донесе пониски каматни стапки и да обезбеди поголема безбедност во контекст на војната во Украина и најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за анексијата на Гренланд. Од друга страна, противниците истакнаа дека членството би го загрозило суверенитетот на земјата и нејзините води богати со риба. Исходот од референдумот го поздрави лидерката на француската десница, Марин Ле Пен. Одгласи од Европа „Во време кога некои се залагаат за посилен федерализам и пренос на суверенитетот на Европската комисија, ова гласање нè потсетува дека е можна поинаква Европа - Европа на слободни, суверени нации кои доброволно соработуваат по прашања од заеднички интерес“, напиша Ле Пен на социјалната мрежа X. Лидерот на британската партија „Реформа на Велика Британија“, Најџел Фараж, објави на истата платформа: „Му честитам на Исланд што гласаше за зачувување на својата независност“. Долготрајна дебата Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, откако финансиската криза силно ја погоди економијата на земјата. Евроскептичната влада ги прекина тие преговори во 2013 година. Геополитичките превирања, вклучувајќи ја војната на Блискиот Исток и американските увозни тарифи, повторно го разгореа прашањето за кое Исланѓаните дебатираат повремено со децении.Тагови: Исланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook