Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан закон за контрола на емисиите - Канал 5

Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан закон за контрола на емисиите

Со Законот за контрола на индустриски емисии, што го изгласа денеска Собранието, заклучоците за Најдобри Достапни Техники (НДТ) од европските директиви стануваат обврзувачки за домашните индустриски капацитети.

Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан закон за контрола на емисиите

Тие ќе мора да ги усогласат своите услови за работа како и постојано да ги намалуваат негативните влијанија врз животната средина.

Во изјава за МИА, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, вели дека се заоструваат условите при работа на индустриските капацитети со што дозволените концентрации на емисиите ќе се намалат.

- Законот се носи првпат во државава и ќе значи почист воздух, вода и почва, помало создавање отпад и подобра заштита на здравјето. Граѓаните ќе добијат поголема сигурност дека индустријата функционира со намалено влијание врз нивното секојдневие, објаснува Лашкоска.

Таа најавува дека мониторингот ќе се спроведува преку мерења на емисиите во воздух, вода и почва, од страна на акредитирани лаборатории. Ако се утврдат отстапувања, најавува дека ќе следат опомени и рокови за корекција, а доколку нема усогласување – предвидени се парични казни и прекин на работењето, односно одземање на интегрираната дозвола.

Законските одредбите кои ги регулираат индустриските емисии во нашата држава се во сила со донесувањето на Закон за животна средина (2005 година), кој всушност целосно ја транспонира старата европска директива за индустриски емисии (Directive 96/61/EC of 24 September 1996). Со новата Директива на ЕУ по однос на индустриските емисии (Directive 2010/75/EU), се менува пристапот кон користењето на НДТ заклучоците (заклучоци за Најдобри Достапни Техники), кои со новиот закон стануваат обврзувачки, што, вели Лашкоска, значи дека индустриските капацитети, своите услови за работа ќе мора да ги усогласат со најдобрите достапни техники, како и постојано да ги намалуваат негативните влијанија врз животната средина.

- Со оглед на фактот дека нашата држава има уведено систем на издавање на интегрирани еколошки дозволи од 2005-та, како за индустриските капацитети така и за администрацијата интегрираниот систем не преставува новина. Но, со новиот Закон, односно со примената на НДТ заклучоците се заоструваат условите при работа на индустриските капацитети, односно дозволените концентрации на емисиите ќе се намалат. Државните институции, пред сè Министерството за животна средина и инспекторатите, ќе бидат одговорни за издавање на дозволите, контрола на почитувањето и транспарентно информирање на јавноста, изјави заменик-министерката Лашкоска.

Тоа, истакнува, ќе значи почист воздух, вода и почва, помало создавање отпад и подобра заштита на здравјето. Граѓаните ќе добијат поголема сигурност дека индустријата функционира со намалено влијание врз нивното секојдневие.

Заменик-министерката појаснува дека најавениот интегриран пристап за следење на емисиите се постигнува преку една интегрирана постапка, како и издавање на една интегрирана еколошка дозвола, која ги опфаќа сите аспекти на животната средина. На тој начин нема бројни процедури, туку еден систем кој ги следи сите емисии истовремено и бара оптимални решенија за нивно намалување, вели заменик-министерката.

Со законот се воведува и начелото „загадувачот плаќа“, што значи дека сите трошоци за загадувањето ги сноси оној што го предизвикува.

- Загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како и да ја доведе животната средина, во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето, укажа Лашкоска.

Во однос на следењето на примената на законот наведува дека Министерството за животна средина и просторно планирање располага со обучени кадри и систем за инспекциски надзор, кој ќе се зајакнува со нова опрема и дигитални алатки.

- Во сезоните со зголемено загадување ќе се спроведуваат засилени контроли и координација со другите инспекторати и општините, најавува во изјава за МИА заменик-министерката за животна средина и просторно планирање.

Со Законот за контрола на индустриски емисии, стои во образложението, се создава рамка со која треба да се овозможи намалување на негативните влијанија предизвикани од вршењето на дејностите и активностите што се спроведуваат во

инсталациите и постројките преку делување во изворот на загадувањето и негово следење со мерки на мониторинг.

Исто така, треба да се обезбеди соодветен интегриран пристап за спречување и контрола на емисиите во воздухот, водата и почвата, спречување или намалување на создавањето отпад и намалување на нивото на бучава.

Со Законот треба да се постигне и енергетска ефикасност и спречување на настанување несреќи во инсталациите и постројките што вршат индустриски активности, да се обебзедат еднакви услови за работа на инсталациите и постројките при што контролата на емисиите во животната средина ќе соодветствува на видот на дејноста или активноста што се вршат во истите.

Предвидено е и обезбедување на учество на јавноста во донесувањето на одлуки при издавањето наинтегрираните еколошки дозволи и донесување на општи обврзувачкибарања, транспарентност во работењето на инсталациите и постројките кои се од значање за животната средина, како и воспоставување на еквивалетни барања за заштита на животната средина за сите инсталации или постројки, согласно влијанието што го имаат од вршењето на дејноста или активноста.

Законот за контрола на индустриски емисии e изработен со помош на Европската Унија преку Твининг проектот МК11/IB/EN/01/R „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и спроведување на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/ЕУ“ која што ги поставува основните принципи за издавање на дозволи и контрола на инсталациите, базирајќи се на интегриран пристап и задолжителна имплементација на заклучоците за најдобри достапни техники (НДТ заклучоци). Претставува приближување на националното законодавство со европското заради потребата од обезбедување услови за интегрирано спречување и контрола на загадувањето предизвикано од индустриските активности, како и во обезбедувањето услови за спречување, или намалување на емисиите во воздухот, водата и почвата и спречување на генерирањето на отпад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ.

Во Србија е уапсена градоначалничка на Вучиќ- пред два дена одбила да поднесе оставка

Полицијата во Србија ги уапси градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, раководителката на градската администрација, Ивана Стаменковиќ, и директорот на општинското комунално претпријатие „Зеленило“ и гробиштата, Мирослав Илиќ, објави Индекс, а пренесува агенцијата Анадолу.

Сите тројца беа уапсени денес по наредба на Основното јавно обвинителство во Смедерево. Полицијата им нареди притвор до 48 часа, по што треба да бидат испрашани.

Неофицијално, апсењата се поврзани со градската депонија

Според неофицијални информации од локалните медиуми, апсењата се поврзани со проблемите на градската депонија.

Засега не е познато за кои кривични дела се осомничени, ниту што конкретно било спорно во работењето на депонијата.

Српските медиуми објавуваат дека апсењата се извршени по наредба на обвинителството, но подетално официјално објаснување за причината за апсењето сè уште не е објавено.

Која е уапсената градоначалничка?

Јасмина Војиновиќ (55) е членка на Српската напредна партија (СНС), предводена од Александар Вучиќ. Таа стана градоначалник на Смедерево во 2023 година, а претходно имаше неколку позиции во градската администрација.

Од март 2023 година, таа е претседател на градскиот одбор на СНС во Смедерево. Пред нејзината политичка кариера, работеше како наставничка во основно училиште.

По изборите, таа одби да поднесе оставка

Војиновиќ се најде во центарот на вниманието по парламентарните избори во Србија на 25 октомври, на кои СНС ја изгуби власта на државно ниво.

По изборите, група локални опозициски активисти влегоа во нејзината канцеларија и побараа нејзина оставка, тврдејќи дека по изборниот пораз на СНС, таа повеќе нема политички легитимитет.

Градоначалничката одби да поднесе оставка, а Вучиќ потоа јавно ја поддржа.

Денешното апсење досега е поврзано со проблемите околу градската депонија, а не со постизборните настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Денеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. 

Нова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштол

Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков.

Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје.

За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле.

Осомничен е дека користел пиштол за стартување

Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед.

Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето.

Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад

Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани.

Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите.

Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер