Се за мода!! - Канал 5

Се за мода!!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи објави фотографии, на кои го промовира новиот стајлинг.

Според популарната Џеј –Кеј во тренд се ресите, всушност врзувањето.

Атрактивната Јелена дефинитивно изгледа провокативно во овој фустан со реси, со длабоко деколте. Но, можеби треба малку да внимава при врзувањето да не се стега многу!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невреме во Франција: Обилни врнежи,поплавени куќи,евакуирано население,затворени патишта

Четири департмани во јужна Франција се под портокалово метеоролошко предупредување поради обилни дождови и ризик од поплави, додека во текот на ноќта на југот на Корзика беа евакуирани 73 лица, соопштија денеска надлежните служби.

Невреме во Франција: Обилни врнежи,поплавени куќи,евакуирано население,затворени патишта

Метеоролошката служба „Метео-Франс“ (Meteo-France) го прошири предупредувањето и на департманите Еро (источниот дел) и Гар (јужниот дел), кои им се придружија на Корзика и Горна Корзика, објави телевизијата БФМ (BFM TV).

Предупредувањето е на сила од 10 часот утрово, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста тоа да се подигне на повисоко ниво, доколку силните невремиња продолжат во истите области.

Префектурата на Корзика соопшти дека синоќа биле евакуирани 73 лица, кои се сместени во спортска сала во Порто Векио. Предупредувањето до жителите и лицата кои престојуваат во општините Порто Векио и Сари-Солензара било испратено уште од седум часот наутро.

Обилните дождови што ја зафатија областа Порто Векио од средата доведоа до загрозување на многу луѓе, при што се спасени 20 лица, меѓу кои и едно лице извлечено од возило што било однесено од водената стихија, соопштија од противпожарната служба на Јужна Корзика.

Исто така, поплавени се 10 куќи, додека неколку патишта се затворени поради прелевање на вода преку мостовите во областа Порто Векио, Сото и Фигари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места

Министерството за образование и наука и Европската банка за обнова и развој потпишаа Меморандум за разбирање со цел да го поддржат развојот на квалификации и програми за обука за секторите за управување со отпад и циркуларна економија.

МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места

Партнерството ќе придонесе за подготовка на стандарди за занимања и квалификации, наставни планови, наставни програми и програми за обука, во согласност со Националната рамка на квалификации во Македонија. Соработката ќе ги зајакне капацитетите на образовните институции и давателите на обуки за спроведување програми што ќе им ги обезбедат на луѓето потребните вештини за современ, безбеден сектор за управување со отпад, усогласен со стандардите на Европската Унија.

Воспоставувањето на оваа соработка е дел од програма финансирана од Европската Унија, поврзана пак, со Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран од ЕБОР. Проектот ја поддржува изградбата на санитарни депонии усогласени со европските стандарди, претоварни станици и набавка на нова опрема во регионите Пелагонија/Југозапад, Полошкиот и Вардарскиот/Југоисточниот Регион.

Современиот систем за управување со отпад не зависи само од новата инфраструктура, туку и од квалификувана работна сила способна ефикасно да управува со системот, да го одржува и да го користи. Во таа насока, иницијативата ќе поддржи креирање нови образовни патеки за учениците во средните училишта, наставниците, невработените лица, работниците кои сакаат да стекнат нови вештини и возрасните со соодветно техничко искуство, вклучително и лицата кои се соочуваат со пречки во пристапот до формалното образование и вработување.

„Со воспоставувањето на оваа соработка ќе дадеме значителен придонес кон развојот на систем за правилно управување со отпадот и дефакто придонес кон намалување на загадувањето на средината. Важна е инфраструктурата, но подеднакво важен е и кадарот. Ќе создадеме стручен кадар кој е потребен за постојните, но и за многу нови т.н. зелени работни места што во иднина ќе се отворат“, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по потпишувањето на меморандумот.

„Современата инфраструктура за управување со отпад бара квалификувана и инклузивна работна сила за да се остварат целосните еколошки, економски и социјални придобивки. Ова партнерство ќе помогне Регионалниот проект за цврст отпад да се преточи во долгорочни можности за луѓето, почнувајќи од основни обуки за оператори за управување со отпад, па сè до квалификации за технички и раководни позиции. Инвестирањето во вештини е од суштинско значење за развој на циркуларна економија усогласена со стандардите на ЕУ и за обезбедување директни придобивки за заедниците од оваа значајна инвестиција“, изјави Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Македонија.

Шефот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија, Стефано Елеро истакна: „Транзицијата кон модерен, одржлив систем за управување со отпадот, усогласен со стандардите на Европската Унија, подразбира многу повеќе од изградба на инфраструктура – таа значи создавање можности за луѓето и обезбедување услови сите да имаат придобивки од зелената транзиција. Преку ова партнерство инвестираме во вештините, знаењето и капацитетите потребни за развој на квалификувана работна сила, истовремено промовирајќи инклузивни и општествено одговорни можности за вработување. Со поврзување на образованието и обуките со потребите на секторот за управување со отпадот, кој е во развој, како и со интегрирање на принципите на општествена одговорност во процесите на јавни набавки, можеме да обезбедиме оваа инвестиција да донесе долгорочни еколошки, економски и социјални придобивки. Нашата амбиција е зелената транзиција да биде не само одржлива, туку и инклузивна, при што никој нема да биде изоставен.“

Министерството, ЕБОР и релевантните партнери од областа на образованието, обуките и секторот ќе формираат заедничка работна група за развој на квалификации и програми за обука што ќе одговорат на оперативните, техничките и менаџерските потреби на новиот регионален систем за управување со отпад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде

Што сè е подготвен да направи еден скопски „парти манијак“ за да освои девојка која повеќе верува во југословенскиот рокенрол отколку во современите љубовни тактики? 

Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде

Во случајот на Јанг Дади - речиси сè. Вклучително и промена на имиџот, перика, кожна јакна, прстени и обид да се совлада една стара Лада. Во оваа музичка приказна му се придружува и Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“.

Резултатот е „EX YU“, неговата нова песна, направена заедно со Андреј Ник и придружена со видео приказна во која носталгијата, хуморот и рокенролот возат во ист автомобил. Буквално.

Во центарот на приказната е Кики, ликот што го толкува Катарина Ивановска - паметна, самоуверена девојка со посебна фасцинација за Југославија и културата на едно време кое, очигледно, сè уште има што да понуди. Наспроти неа е Дади, човек на современиот скопски ноќен живот, кој брзо сфаќа дека неговиот вообичаен шарм нема да биде доволен. За да ја освои Кики, ќе мора да го напушти сопствениот стил и да се претвори во класичен југословенски рокер, со сериозни амбиции да наликува на легендарниот Зеле Липовача.

Во песната гостува токму Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“, кој го отсвири гитарското соло, а се појавува и во видео спотот. Во меѓувреме, Дади се соочува со предизвиците на новиот рокерски идентитет - од совладување на старата Лада што не знае ни како да ја отвори, до нејзино туркање низ скопските улици, во кое Кики повторно мора да ја преземе работата во свои раце.

Судирот меѓу современиот стил на Дади и југословенскиот ретро-изглед е пренесен и преку изгледот на спотот. Старата Лада, архитектурата и препознатливите скопски предели не се само сценографија, туку важен дел од приказната за едно поинакво Скопје. Со доза хумор и многу рокенрол, „EX YU“ потсетува дека некои музички времиња никогаш навистина не излегуваат од мода, дури и кога автомобилите од нивното време одбиваат да „запалат“.

Проектот е издание на Авалон Продукција, а видео спотот е реализиран во продукција на Такат студио.

По новата песна, Јанг Дади го очекува и голем концерт на 30 декември во Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Влезниците се достапни преку продажната мрежа на Авалон Продукција и онлајн преку Avalon Booking.

Линк за карти за концертот:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер