Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
1Шест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка
2Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата
3Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите
МакедонијаСе вжештува трката за локалните избориСкопје е во хаос, а јас сум тука да понудам конкретни решенија и визија за градот, порача потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина Каја Шукова во денешното обраќање.Скопје е во хаос, а јас сум тука да понудам конкретни решенија и визија за градот, порача потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка за животна средина Каја Шукова во денешното обраќање, откако партискиот лидер Филипче и СДСМ одлучија таа да биде кандидатот кој ќе ги одмери силите со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничката фотелја во главниот град. Шукова соопшти некои од нејзините приоритети за како што рече, чисто, културно, функционално и безбедно Скопје и побара поддршка од сите граѓани. Од кои партии очекува поддршка за кандидатурата конкретно не одговори, но посочи дека се уште траат меѓупартиските консултации. -Јас пред три месеци поднесов сопствена кандидатура за градоначалник на град Скопје, јас ниту во еден момент не се поколебав заради тоа што семтам дека имам доволно искуство позади себе пред се професионално во областите којшто се главна грижа на градот Скопје, комуналните дејности, животната средина, инфраструктурата и се надевам дека со одговорот на ова прашање паѓаат во вода сите оние небулози којшто ги пласира ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови дека СДСМ немаше кандидати за град Скопје. Не, ние само почекавме да ја донесеме вистинската одлука, покрај-г-динот Ралев и со други канидати и на крај одлучивме да одиме со мене како кандидат за Скопје, изјави Шукова. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, и денеска реагираат дека Шукова и сите предложени кандидати од СДСМ ќе трчаат изборна трка која води кон пораз. -Замислете за кандидат за град Скопје, кандидат кој треба да го менаџира главниот град ја предложи по долги, а веројатно и мачни за него денови во кои го одбиваше секој жив за да излезе на трката за оваа функција, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова. Шукова од стартот на оваа поранешна функција го имаше печатот на Заев. Шукова која не направи ништо за животната средина, за почист воздух, за управување со отпад и слично, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај името на Шукова, лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера објави нова група од 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, меѓу кои и за Битола, Методија Куновски, поранешен новинар, кој е претседател на општинската организација на партијата, а противкандидат ќе му биде досегашниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски. Довербата од СДСМ повторно ја доби актуелниот градоначалник на Валандово Перо Костадинов, а во скопска Кисела Вода социјалдемократите го кандидираат поранешниот директор на ДПИ Горан Трајковски. Во Карпош засега официјално потврдени се д-р Маја Мојсова-Мијовска, која беше Национална координаторка за трансплантација, од СДСМ и Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, иако не се исклучува повотрно да се кандидира и Стевчо Јакимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаШест пријави за семејно насилство за еден ден- претепани сопруги, по еден случај за нападнат брат и ќерка Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се шест пријави за семејно насилство.На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода А.Н.(35) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по кратка расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат. На 16.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Џ.Б.(51) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ноќеска (16.11.2026) во 00:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.Д.(37) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 16.11.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2026 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Бутел, С.Д.(34) физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. На 15.11.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 14.11.2026 околу 18:30 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(52). На 15.11.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.М.(48) од Битола, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. „Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел. Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува. А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРоберт Патисон е новиот Џејмс Бонд Официјалниот профил на Џејмс Бонд на социјалните мрежи објави фотографија од актерот Роберт Патинсон, со која се потврдува дека тој ќе ја игра улогата на новиот Џејмс Бонд.Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд. Патинсон (40) е официјално најавен како наследник на Даниел Крег и стана седмиот актер што го игра познатиот агент 007 во официјалните филмови за Бонд, објави Би-Би-Си. „Џејмс Бонд се врати“ Патинсон се појавува во промотивно видео по повод објавувањето на агентот 007. Видеото кое потврдува дека Роберт Патинсон ќе го игра Џејмс Бонд го прикажува англискиот актер со пиштол во рака, облечен во елегантно одело и вратоврска. Видеото завршува со пораката: „Џејмс Бонд се врати“. Како што е наведено, неговиот избор ќе го означи „почетокот на нова ера за еден од најпознатите ликови во историјата на киното“. Објавата следеше по долг процес на избор на актерот. Патинсон наводно бил еден од петте кандидати кои влегле во потесен избор, заедно со Џошуа О'Конор и Калум Тарнер. Во петокот беше објавено дека на Патинсон му е понуден попрофитабилен договор од другите кандидати, што дополнително ги разгоре гласините дека тој е фаворит за улогата.Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter