Се враќа легендарниот „Winamp“

„Winamp“, легендарната „Windows“ апликација која некогаш беше суштински дел од секој десктоп (некои сè уште и се лојални), се враќа по четиригодишна пауза.

Имено, програмерите објавија нова верзија (Winamp 5.9 RC1 Build 9999) на крајот на минатиот месец, што е прво ажурирање во изминатите четири години. Тие го опишуваат како „кулминација на четиригодишна работа“, а причината за долгата пауза, според програмерите, е пандемијата. По тестирањето, ќе се појават некои нови опции.

Да се ​​потсетиме дека „Winamp“ беше вистински хит и имаше можност да ги репродуцира најпопуларните аудио формати, разновидни скинови, незаборавни визуелизации и можност да го прилагоди интерфејсот по ваш вкус.

Но, со доаѓањето на „iTunes“, „Spotify“ и другите стриминг сервиси, „Winamp“ полека падна во заборав, а во 2013 година „AOL“ престана да работи на апликацијата.

Белгиската компанија „Radionomy“ го презеде „AOL“, а последната верзија беше објавена во 2018 година.

Ковачевски: Очекувам извинување од ВМРО-ДПМНЕ за лагите

Очекувам извинување од ВМРО-ДПМНЕ за лагите, очаен обид на Мицкоски фатен во криминал од 136 милиони евра.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека очекува извинување од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за лагите кои опозицијата ги пласира за него, во очаен обид да го свртат вниманието од корупцискиот скандал во којшто се најде Мицкоски, тежок 136 милиони евра.

„Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал во кој се најде нивниот претседател, кој го обелоденија од нивната партија, нивниот градоначалник во Скопје за местење на тендер од 136 милиони евра. Она што најмалку може да го направи ВМРО – ДПМНЕ е да се извини, односно да се извини нивниот претседател. Бидејќи тој е нарачател, бидејќи тој е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и претходно во други корупциски скандали за кои што се откажуваше од своите пријатели, другари. Прво да се извини, да не ги тера пратениците да изнесуваат невистини, квалификации, конструкции со оглед на тоа јас од нив ќе побарам прво извинување а потоа се она што следува врз основа на законските регулативи“ рече претседателот Ковачевски.

За неоснованите прес конференции кои ги држи ВМРО-ДПМНЕ вчера и денес, Ковачевски рече дека ги има повлечено целосно финансиските удели во Пиксел Гроуп и нема никакви обврски ниту интереси, ниту пак има некаква улога во работењето на компанијата. Претседателот Ковачевски додаде дека е човек кој транспарентно пријавил во Анкетниот лист се што поседува и дека се што досега работел во животот било најтранспарентно и согласно сите законски прописи.

„Со преземањето на политичка функција како заменик министер за финансии јас си ги повлеков своите средства од ПИКСЕЛ ГРОУП, компанија во која сум бил основач и сум бил горд на тоа. Со продавањето на уделите јас таму немам ниту било какви интереси ниту било какви обврски во однос на работењето или управувањето на таа компанија, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски рече дека секој човек мора да функционира врз одредени етички норми и оцени дека конструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и фабрикуваните невистини се „најдолни лаги“.

„Јас сум веќе 2 недели под константни напади од страна на ВМРО - ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив во Собранието каде што точно може да чујат сите граѓани. Во однос на ова сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции за тоа како функционираат компании кои што се независни во своето работење и функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дали ќе има тужби или не тоа не може да зависи од мене затоа што не сум јас ниту правник ниту адвокат, меѓутоа сметам дека тоа треба да го направат бидејќи конструирање на лаги - целта е да се оттргне вниманието од тоа што тој треба да објасни што се случувало со тендер од 136 милиони евра во Водовод - Скопје. Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, него го обвини ВМРО – ДПМНЕ, партијата во која што е претседател затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО - ДПМНЕ. Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО - ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ“ рече претседателот Димитар Ковачевски во одговор на повеќе новинарски прашања.

СДСМ

МЗ: Во последните три дена 108 новозаболени од ковид, три починати лица

Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022):

Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 83, Прилеп - 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 - 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161537, Активни   307

Куманово    18216, Активни    16

Битола      17940, Активни    33

Прилеп      15495, Активни    20

Тетово      14466, Активни    13

Кавадарци   12082, Активни    12

Велес 10796, Активни    4

Охрид 10308, Активни    8

Гостивар    10274, Активни    1

Струмица    8778, Активни     4

Штип  8758, Активни     14

Кичево      6073, Активни     7

Кочани      5544, Активни     0

Струга      5171, Активни     0

Гевгелија   4878, Активни     2

Неготино    4142, Активни     3

Ресен 3029, Активни     6

Радовиш     2836, Активни     4

Свети Николе      2794, Активни     1

Крива Паланка     2662, Активни     2

Делчево     2183, Активни     0

Берово      1874, Активни     1

Дебар 1812, Активни     0

Валандово   1600, Активни     0

Виница      1478, Активни     1

Пробиштип   1299, Активни     0

Кратово     1128, Активни     4

Богданци    1101, Активни     1

Крушево     1037, Активни     0

Демир Хисар 929, Активни      0

Македонски Брод   799, Активни      1

Демир Капија      628, Активни      0

Македонска Каменица     534, Активни      0

Пехчево     518, Активни      0

Дојран      370, Активни      0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС очигледно се нервозни, признаа афера на Ковачевски од 26 милиони евра

Во СДС очигледно се нервозни, признаа афера на Ковачевски од 26 милиони евра, па се служат со лаги за Мицкоски, кој ако имаше нешто одамна немаше да шета слободен

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Во СДС очигледно се нервозни. Тие признаа дека фирми од опкружувањето на Ковачевски земале државни пари, и сега не знаат како да се исперат пред јавноста.

Лагите против претседателот Христијан Мицкоски се невешт обид за да избегаат од одговори.

Реалноста е дека СДС се власт во Македонија 5 години, и ако имало било што тој немаше да се шета слободен.

Нивната Антикорупциска исто така потврди дека наводите на СДС се лага, и ги осуети сите нивни конструкции.

Ковачевски да не дезертира и да одговори:

1. Дали е основач на фирмата Пиксел груп, која е централен дел од аферата „Броило“?

2. Дали фирмата КМГ ЕОЛ Квазар ма кумот на Ковачевски има добиено скоро 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?

3. Дали КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски склучила договор од 2 милиони евра со ЕВН?

Одговорот на сите прашања е потврден.

Затоа дезертерот Ковачевски е на чело на соларниот картел од аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер