Се вери ли Лејди Гага- фановите забележаа огромен дијамантски прстен (ФОТО) - Канал 5

Се вери ли Лејди Гага- фановите забележаа огромен дијамантски прстен (ФОТО)

Пејачката Лејди Гага ги поттикна гласините за свршувачка откако обожавателите забележаа огромен дијамантски прстен на раката.

Се вери ли Лејди Гага- фановите забележаа огромен дијамантски прстен (ФОТО)

Лејди Гага е во врска со Мајкл Полански од 2019 година и неодамна беше видена како носи огромен дијамантски прстен на левиот прст. Потсетуваме, пејачката претходно двапати беше свршена, првиот пат со Тејлор Кини, а вториот со Кристијан Карина, но никогаш не застана пред олтарот.

Веста за врската со Мајкл Полански првпат се појави во 2019 година, а официјално ја објавија на Инстаграм следната година. Двајцата ја чуваа својата романса во тајност, а во март 2023 година протече вест дека Гага и Полански се разделиле поради несогласувања околу бракот и децата.

Сепак, парот ги негираше гласините во октомври 2023 година, кога беа забележани како присуствуваат на два концерта во Лас Вегас, пренесува Outlook.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓи Димов во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи Димов

Ѓорѓи Димов во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.

 Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече.

Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара.

Состојки:

4 јајца

200 мл јогурт

100 мл масло

200 г. брашно

1 кесичка прашок за печиво

150 г. шунка

150 г. полутврдо сирење

3 помали кисели краставички

1 помала црвена пиперка

прстофат сол

малку бибер по желба

Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња.

Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер.

Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С.

Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова.

Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик.

Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

По неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.

 Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусот

Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit.

Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот.

Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал.

Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони.

Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли.

Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови.

Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија.

Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна.

Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер