Се утврдува евентуална кривична одговорност кај мајката, чие дете загина во пожар во Гостивар

Гостиварското обвинителство ќе утврдува дали ќе одговара кривично 35 годишната мајка чие седумгодишно дете вчера настрада во пожар кој го зафати станот во кој живееле.

Таа од вчера е во полициска станица каде е спроведена по добиените сознанија на обвинителството кое ги добило од лекарите на лице место дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете.

С.Т. од Ресен(35г.) од вчера во 14.40 е лишена од слобода и е задржана е во полициска станица Гостивар, под сомнение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски" (член 203 став 2 од КЗ)...Кривично дело според кое на оној што со груба повреда на законските семејни обврски ќе предизвика смрт на член на семејството кој не е во состојба да се грижи за себе, му се заканува затворска казна од 3 месеци до 5 години. Дали обвинителството ќе бара одговорност за мајката по ова кривично дело ќе се знае откако полицијата ќе поднесе пријава.- СВР Тетово

Од МТСП велат дека останатите три деца се соодветно сместени и кај нив не се утврдени траги на насилство.

-Од разговорите на стручните лица кои што се постојано со децата, утврдено е дека врз децата нема траги од било каков вид на насилство и истите се во добра психо - физичка состојба. Констатирано е дека едно од децата редовно посетувало училиште, а останатите се во предучилишна возраст.- МТСП.

Случајот го следи и Хелсиншкиот комитет за човекова права од каде очекуваат детална истрага но и евентуално одземање на родителското право на мајката над другите деца.

Од Гостиварскиот Центар за социјални работи претходно соопштија дека мајката и четирите деца во станот на улица Кеј Вардар се вселила пред десетина дена, а три години претходно од Ресен се преселиле во Гостивар. Досега не користеле никакви услуги од Центарот а не постојат официјални дојави од соседи ниту пак се евидентирани од МВР за какви било проблеми или родителска негрижа.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер