МакедонијаСè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски ИстокНеименуван израелски владин претставник за порталот „Тајмс оф Израел“ изјави дека Израел сè уште очекува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се приклучи на нападите против иранската нуклеарна програма.- Очекувањата се тие (САД) да се приклучат, но никој не ги притиска. Тие треба сами да донесат одлука. Ќе знаеме во следните 24 до 48 часа, наведе тој. Претходно, американската медиумска организација „Блумберг“ (Bloomberg), исто така повикувајќи се на неименувани извори, објави дека САД се подготвуваат да го нападнат Иран во следните неколку дена. Исто така и „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објавија дека Трамп ги одобрил плановите за напад врз Иран, но оти пролонгира да издаде конечна наредба. Трамп на пишувањето на „Волстрит џурнал“ реагираше на својата социјална мрежа „Трут соушл“. „Волстрит џурнал“ немаат поим кои се моите размислувања во однос на Иран!, објави Трамп на „Трут соушл“. Тој на вчерашниот брифинг со новинарите наведе: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам“. И додека се чека одлуката на Трамп, продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. На седмиот ден од судирот ирански ракети погодија болница во јужен Израел и станбени згради во близина на Тел Авив, при што се повредени најмалку 240 луѓе. Израел возврати со напади врз иранските нуклеарни објекти, како и врз инфраструктурата за балистички ракети. Израелските авиони го нападнаа и реакторот за тешка вода во Арак, за да го спречи производството на плутониум. Иранската државна телевизија објави дека нема опасност од радијација по нападот врз Арак. На израелскиот напад врз нуклеарните објекти Иран возврати со напад врз северниот дел на Израел, при што истрела најмалку 10 ракети. Според израелската армија, Иран употребил ракети со повеќе боеви глави. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси, Мбапе и Халанд во трка по Златната копачкаБорбата за титулата светски шампион влегува во својата највозбудлива фаза, но во исто време се води и голема трка за едно од најпрестижните индивидуални награди - Златната копачка за најдобар стрелец на Светското првенство.По групната фаза и првите натпревари од елиминациската рундата, се издвоија тројцата евидентни кандидати за круната најдобар мундијалски стрелец или голгетер. Во моментов прв на листата на најдобри стрелци е Лионел Меси со шест постигнати гола,постигнати за само 223 минути минати за зелениот терен.Во исто време, аргентинскиот капитен дополнително го зацврсти своето место во историјата како најдобар стрелец на Светските првенство со вкупно 19 гола. По двата гола во осминафиналето, Килијан Мбапе исто така има шест гола, но стигна до истата бројка за 375 минути игра, додека Ерлинг Халанд останува во сериозна конкуренција со пет и чека можност да го заземе првото место. По нив следат Усман Дембеле и Винисиус Жуниор со по четири гола. „Златна копачка“: Лионел Меси – 6 гола (223 минути) Килијан Мбапе – 6 гола (375 минути) Ерлинг Халанд – 5 гола (309 минути) Усман Дембеле – 4 гола (225 минути) Винисиус Жуниор – 4 гола (293 минути) Дениз Ундав – 3 гола (106 минути) Јохан Манзамби – 3 гола (146 минути) Исмаила Сар – 3 гола (274 минути) Коди Гакпо – 3 гола (394 минути) Брајан Броби – 3 гола (245 минути)Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
КошаркаПредраг Самарџиски дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на МакедонијаПредраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација.Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација. Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава. Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаЈанчев на увид на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’ каде беше извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни, објави на својот профил на фејсбук, градоначалникот Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54