Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаСе уште не е објавена предлог резолуцијата на СДСМ за „Црвените линии“ на МакедонијаИ по три недели од првичната најава и неколку изјави дека наскоро ќе биде поднесена, Резолуцијата за црвените линии што ја најави лидерот на СДСМ Венко Филипче никако да стигне до Парламентот и јавноста. По неколкуте одложувања, и денеска се обидовме да добиеме конкретен став кога таа ќе биде објавена, но одговор не добивме. И додека јавноста е во исчекување на документот, владејачките партии оставаат отворена врата за разговори за документот на Филипче. По премиерот Мицкоски, кој иако првично ја отфрли, неодамна изјави дека со нетрпение очекуваат да ја видат резолуцијата, за како партија да ги кажат своите ставови, вчера и неговиот коалициски партнер, лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски најави поддршка за платформата на СДСМ, доколку со неа како што рече, не се погазуваат националните интереси. -Еве ние ќе ја прифатиме таа платформа како заедничко решение, консензус којшто ги решава сите проблеми во државата, но притоа наионално да не се подгазиме ниту по една основа. – И ако ги има датум за уставни измени како што најави Филипче?- Реков, по ниту една основа да не се погазиме како нација и да ги загрозиме нашиот јазик, идентитет, култура, континуитет, и самобитност. Или нека ја земат нашата и нека ја ословат дека е таа нивната платформа, не бараме авторско право, изјави Димитриевски. (Само Интеврју 18.09.2025). Идејата за документ за национално обединување и натпартиски консензус за евроинтеграциите Филипче првично ја соопшти во телевизиско интервју на 29 август. Два дена подоцна, прашан дали останува на намерата да поднесат ваква резолуција и покрај првичното противење на премиерот Мицкоски, Филипче кажа дека СДСМ го подготвува документот кој од 1 септември натака ќе го достават до партиите. Две недели подоцна, кон крајот на минатата недела, Филипче повторно најави дека ќе ја поднесат во Собранието на почетокот од оваа недела. -Ќе спремиме еден документ којшто ќе биде еве работна верзија ќе го понудиме во текот на оваа недела во којшто сметам дека ќе влезат сите аспекти којшто се битни за државата, изјави тогаш Филипче. -Во текот на следната недела, на почетокот, во понеделник или вторник јас сакам таа резолуција да ја образложам пред јавноста, пред медиумите и во исто време да ја поднесам во Парламентот, изјави Филипче. И додека во земјава се бара национален консензус за евроинтеграциите, Брисел веќе го подготвува извештајот за Македонија кој се очекува да биде објавен следниот месец, а во кој, според еврокомесарката Марта Кос клучно место ќе има владеењето на правото, област за која Кос алармираше дека постои загриженост во ЕУ за владеењето на правото кај земјите од Западен балкан, посочувајќи ги Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter