Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча - Канал 5

Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Општина Струмица почна со уредување на околината на манастирскиот комплекс во Водоча, со цел создавање модерно уреден простор со естетски карактеристики соодветни на значењето на самиот објект.

Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Како шт информира градоначалникот Коста Јаневски, манастирската црква „Свети Леонтиј" во Водоча е еден од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица.

-Комплексот освен што е историски белег на Струмица од 6 век, истовремено е и македонски православен христијански манастир, археолошко наоѓалиште и седиште на Струмичката епархија. Токму поради овие причини инвестираме во уредување на околината на манастирскиот комплекс, дополни Јаневски.

Целокупниот простор ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хоритултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема.

-Целта на сите овие активности е создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики околу манастирот „Свети Леонтиј", кои ќе придонесат за помасовна посета од домашни и странски туристи, имајки во предвид дека манастирот е една од најчесто посетените локации во Струмичкиот регион. Овие активности ќе придонесат и за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од селото Водоча, додаде градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Средствата се целосно обезбедени од грант од Европската Унија, ИПА програма за прекугранична соработка, а вкупната вредност на градежните работи е околу девет милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.

Македонија отвора нова амбасада во Литванија

Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.

Шасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформи

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција.

За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда.

На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер