Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
2Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)
Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
1Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)
ЖивотСе укинуваат ли правилата за течности и давачките за багаж во ЕУ? Не така скороПланирате да одите на одмор во некоја земја на ЕУ, но стравувате дека ќе ви снема сапун и шампон оти аеродромот од кој поаѓате има застарено правило за не повеќе од 100 милилитри течности во рачниот багаж?ЕНР - Брисел Планирате да одите на одмор во некоја земја на ЕУ, но стравувате дека ќе ви снема сапун и шампон оти аеродромот од кој поаѓате има застарено правило за не повеќе од 100 милилитри течности во рачниот багаж? Или дека за вашиот рачен багаж ќе ви наплатат дополнително? Добрата вест е дека аеродромите низ ЕУ наскоро ќе смеат да го укинат правилото, непопуларно со години, со кое се ограничуваат течностите во рачниот багаж. И покрај тоа, рачниот багаж останува спорна тема, со оглед што законодавците на ЕУ инсистираат да им се забрани на авиокомпаниите да наплаќаат за рачен багаж – одлука на која силно ѝ се спротивставува воздухопловниот сектор. Но прво да се навратиме на течностите. Во мигов, патниците не смеат со себе да носат течности во шишенца поголеми од 100 милилитри, а шишенцата треба да се стават во проѕирна кесичка со пластичен патент, која смее вкупно да содржи до 1 литар течности. Ова правило се воведе во 2006 г. откако властите спречија планиран терористички напад со течни експлозиви прошверцувани на еден авион на аеродромот Лондон-Хитроу. Ѝ требаа речиси 20 години, но ЕУ неодамна одобри скенери што со сигурност детектираат течни експлозиви, со што се овозможува да се укинат долгогодишните ограничувања. Една гласноговорничка на Европската комисија изјави дека со помош на новите скенери со компјутерска томографија, слични на тие што се користат за медицински снимки, може со сигурност да се откријат заканите и да им се дозволи на патниците да носат поголеми шишиња, ако се докаже дека течностите се безбедни. Сега зависи од секој поединечен аеродром дали ќе ја усвои технологијата, додаде таа. Според Комисијата, околу 700 скенери што го користат новиот софтвер во мигов се во употреба или се инсталираат во 21 земја од ЕУ. Според медиумите, има аеродроми во Германија, Холандија, Италија, Шпанија и Ирска што веќе ги употребуваат. Не се надградува преку ноќ Неколку аеродроми во ЕУ уште во јули 2024 г. го олабавија ограничувањето за течности, откако ги инсталираа новите компјутерски томографи што можат брзо да нацртаат тродимензионална слика од содржината на куферот. Но, претставниците на ЕУ изразија сомнежи околу квалитетот на новите скенери за багаж. На пример, во Германија, германската федерална полиција и операторот на аеродромот во Франкфурт, Фрапорт, вперија прст кон претстојната промена на правилата. Затоа, Европската комисија повторно воведе „привремено“ ограничување при проверката на течности „на одредени аеродроми на ЕУ“ како превентивна мерка од 1 септември 2024 г., иако малку порелаксирано – течностите, ако се во проѕирна кесичка, смеат да се носат во рачниот багаж. Официјалното одобрување на новите скенери од страна на ЕУ сега им овозможува на аеродромите да почнат да ги користат при безбедносните проверки. Сепак, нивното воведување ќе потрае поради застарената опрема и техничките пречки. Гласноговорничката на Здружението на аеродроми во Германија изјави дека целосното воведување низ државата е сложено и скапо, оти бара не само нова опрема туку и структурни измени поради поголемиот обем на машините. На франкфуртскиот аеродром – најпрометниот во Германија – 40 од околу 190 безбедносни ленти се опремени со нов систем, а нарачани се уште 40 такви, изјави гласноговорничката. Сепак, за патниците сè уште важи ограничувањето од 100 милилитри бидејќи не се знае кој скенер ќе ги проверува нивните куфери – а и некои од новите уреди сè уште го немаат потребниот софтвер. Слично е и со минхенскиот аеродром, каде што надградбата на софтверот е одложена до крајот на летната туристичка сезона. На главниот меѓународен аеродром во Словенија, аеродромот Љубљана Јоже Пучник, германскиот оператор Фрапорт ја ажурира рендгенската опрема за проверка на рачен багаж кога отвори нов терминал во 2021 г. Таму веќе се користи напредна технологија согласно најновиот стандард EDS 3.1 за проверка на чекиран багаж, која прави тродимензионална анализа на содржината на багажот и може да открие експлозиви. „Што се однесува до рачниот багаж, во мигов сè уште ги разгледуваме сите аспекти: придобивките, трошоците, потребниот простор и влијанието врз севкупните безбедносни проверки. Ова е голема инвестиција, која опфаќа не само купување опрема туку и приспособување на инфраструктурата и организацијата на терминалот“, соопшти компанијата. Во Шпанија, нов компјутерски томографски скенер веќе е во употреба на аеродромот Палма де Мајорка, а вакви скенери се инсталираат и на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас и аеродромот Хозеп Тараделас Барселона-Ел Прат, каде што се користат на некои ленти за безбедносна проверка. Во Романија, ажурирањето на софтверот за да се исполнат условите за укинување на ограничувањата на аеродромите е речиси готовo. Меѓународни летови има од дванаесет аеродроми во Романија. Државното претпријатие Букурешки аеродроми ја информира Агерпрес оти укинувањето на ограничувањата зависи од завршувањето на инсталацијата и пуштањето во употреба на целата опрема. Според распоредот на проектот, ова треба да се случи најдоцна во првото тромесечје од 2026 г. Романската разузнавачка служба, која врши безбедносни проверки на сите аеродроми во Романија, во јули соопшти дека укинувањето на ограничувањата за течности во рачниот багаж ќе биде можно само на аеродромите во Романија што целосно ја ажурирале и службено ја потврдиле сигурноста на опремата. Борбата за „бесплатен“ рачен багаж Второ спорно прашање во врска со воздушниот сообраќај е издатокот за рачен багаж. Билетите од нискобуџетните авиопревозници вклучуваат само еден мал предмет во авионската кабина – како ранец или чанта за лаптоп – и наплаќаат дополнително за друг рачен багаж. Оваа практика организациите за заштита на правата на потрошувачите ја сметаат за незаконска. Во мај, околу петнаесет европски здруженија побараа од Европската комисија да отвори истрага на ниво на ЕУ во врска со наплатувањето за рачен багаж од страна на седум нискобуџетни авиокомпании. Француското здружение на потрошувачи наречено Потрошувачка, домување и животна средина јавно ги обвини Изиџет, Норвиџан, Рајанер, Трансавија, Волотеа, Вуелинг и Визер дека „им наметнуваат прекумерни трошоци на потрошувачите“. „Европскиот суд на правдата во 2014 г. пресуди дека транспортот на рачен багаж не може да биде предмет на дополнителен надомест, ако исполнува разумни услови во однос на тежината, димензиите и безбедносните правила“, нагласи здружението. И покрај тоа, колективот здруженија вели дека седумве авиокомпании наплаќаат давачки за рачен багаж со разумна големина, коишто тие го сметаат за „голем“: 36 евра за Рајанер, речиси 43 евра за Изиџет и до 280 евра за Вуелинг, ако не се совпаѓа со димензиите пропишани од авиокомпанијата. Во јуни, транспортната комисија на Европскиот парламент усвои предлог што ќе им овозможи на патниците да внесат еден личен предмет во кабината, како чанта или ранец, плус рачен багаж до 7 килограми без дополнителен надомест. Меркава, која ќе се применува на сите летови што полетуваат или слетуваат во 27-те земји членки на ЕУ, беше усвоена како дел од предложениот од Европската комисија пакет амандмани на регулативата за патнички права. Индустриското здружение Авиокомпании за Европа го осуди предлогот, велејќи дека ќе резултира со повисоки цени на летовите и ќе им ги зголеми трошоците на патниците без багаж. Исто во јуни, еден шпански суд соопшти дека привремено ги одложил високите казни што левичарската влада им ги изрече на нискобуџетните авиокомпании Рајанер и Норвиџан. Министерството за заштита на потрошувачите имаше најавено казни за пет компании во ноември за наводни „практики на злоупотреба“, меѓу кои наплата за рачен багаж, давање неточни информации и нетранспарентност на цените. Ирскиот нискобуџетен авиопревозник Рајанер конкретно беше казнет за наплатувањето „несразмерен износ“ за печатење авионски билети на терминалите за тие патници што не си ги отпечатиле дома. Беа казнети и британскиот нискобуџетен авиопревозник Изиџет и шпанските авиокомпании Волотеа и Вуелинг. Предлогот на Комисијата за транспорт на Европскиот парламент за рачен багаж сега оди на гласање пред сите европратеници. Предлог-измените ќе бидат предмет на преговори меѓу земјите-членки, кои ќе треба да ги одобрат пред правилата да можат да стапат во сила. Ова значи дека патниците ќе мора малку да почекаат ако се надеваат да си понесат шишиња локално вино или маслиново масло спакувани во бесплатниот рачен багаж.Тагови: авиолинии патници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаМајмун нападна жена среде улица и крвнички ја изгриза (Вознемирувачко видео)Жителите на комплексот Инфиниум Флетс во Индија се соочија со сериозен проблем откако агресивен мајмун нападна жена пред нејзиниот дом на 13 ноември, каснувајќи ја повеќе пати.Жртвата претрпе сериозни повреди, додека снимките од безбедносните камери ги забележаа драматичните моменти и предизвикаа страв кај другите жители. Повреди на телото Вознемирувачката снимка го прикажува дивото животно како одеднаш ја напаѓа жената, која не направи ништо за да го испровоцира. Мајмунот ја каснува повеќе пати, додека таа вреска и се обидува да се одбрани. Таа претрпе длабоки повреди на телото, поради што веднаш беше однесена во блиската болница, каде што доби медицинска помош, објавува Дејли Стар. Жителите велат дека веќе некое време се справуваат со мајмуни во комплексот, а најновиот напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на жителите. Сериозен проблем Снимката оттогаш се појави на социјалните мрежи и предизвика бројни дискусии за присуството на мајмуни во станбените области. Соседите велат дека нападот толку многу ги исплашил луѓето што жените и малите деца сега се плашат да ги напуштат своите домови. Според нив, зголеменото присуство на мајмуни во урбаните средини стана сериозен проблем, но властите сè уште не презеле никакви конкретни чекори за да го решат. Агресивниот мајмун подоцна бил фатен од службеници на Шумскиот оддел, што исто така било снимено со камера.Тагови: жена мајмун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛагард размислува за нова раководна функција по оставката во Европската централна банка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум.Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека по напуштањето на таа позиција, би можела да размисли за преземање лидерска позиција на Светскиот економски форум, но нагласи дека засега не сака да шпекулира за својот иден ангажман. Кога беше прашана за можноста да го преземе раководството на организацијата со седиште во Женева, Лагард на самитот на „Њујорк тајмс Дилбух лист“ изјави дека тоа е „една од можностите“, пренесува „Блумберг“. Таа додаде дека ќе остане на чело на Европската централна банка до 7 февруари и дека нема планови да се пензионира. Зборувајќи за нејзиниот иден јавен ангажман, Лагард нагласи дека мора да ја задржи политичката неутралност додека ја води ЕЦБ, особено со оглед на бројните избори што се очекуваат во Европа. Се очекува дека по напуштањето на централната банка, таа би можела поотворено да зборува за политичката и економската состојба во Франција, чии буџетски проблеми и политичкиот застој во последните месеци придонесоа за притисок врз пазарот на државни обврзници, според агенцијата Њујорк. „Сметам дека е моја должност да разјаснам работи, да исправам неточни изјави и да зборувам од искуството што го стекнав“, рече Лагард. Таа претходно ги отфрли шпекулациите дека би можела да се кандидира за наследник на Емануел Макрон на функцијата претседател на Франција.Тагови: Европската централна банка Кристин Лагард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГрадоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер Швеѓанецот Ларс Ериксон (55) ја изгуби работата минатиот месец откако беше откриено дека се појавил во филм за возрасни. Тој тврди дека филмот е направен пред да влезе во политиката!Ериксон глуми во порнографски филмови од 2018 година, истата година кога го напушти Риксдаг, шведскиот парламент, објави Дејли Меил. Сепак, неговата кариера како порно актер излезе на виделина откако Ериксон беше идентификуван во два филма за возрасни, кои беа објавени во 2025 година и во октомври оваа година, додека беше претседател на општинскиот совет на Јокмок во шведска Лапонија, според локалните медиуми. Според извештаите, тој бил отпуштен на 19 октомври, а бил вратен на работа една недела подоцна, но без овластувања врз вработените, финансиите и буџетот на општината. Ериксон тврди дека филмовите, снимени во Соединетите Држави, се направени пред тој да стане градоначалник на Јокмок и дека неговиот последен контакт со порно индустријата бил во 2022 година. Тој глумел во филмовите под псевдонимот „Ханс“ и се појавил пред камерата во филмот, кој беше објавен во октомври. Small Swedish town council chief is sacked for starring in porn... but says he should keep his job because clips were filmed before he started and it's no secret https://t.co/TzORhUWS6Q https://t.co/szAmphBA8X — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 17, 2026 Ериксон претходно беше пратеник од Социјалдемократската партија за изборната единица Вестманланд, која се наоѓа во близина на Стокхолм, во шведскиот национален парламент. Истрагата на шведската телевизија SVT откри дека филмовите биле промовирани преку сметка на социјалната мрежа X до минатиот месец. Сепак, Ериксон изјави за шведскиот медиум дека немал влијание врз тоа кога филмовите ќе бидат објавени и дека не ја управувал сметката, додавајќи дека таа била управувана во име на дистрибутерот. „Со оглед на тоа што ова е легална, иако табу, активност што е завршена повеќе од две години пред да бидам подобен за вршење функција во општинската власт, тешко ми е да видам какво влијание би можело да има ова“, рече тој. Ериксон е претседател на општинскиот совет и градоначалник на Јокмок од февруари 2024 година, но објавено е дека ќе биде разрешен од функцијата општински лидер, според весникот „Афтонбладет“, и покрај тоа што беше вратен на работа една недела по неговото првично разрешување. Тој ќе добие пакет отпремнина еквивалентен на седум месечни плати. Трудовата комисија на Јокмок ја оправда одлуката за отпуштање на Ериксон велејќи дека порнографските филмови претставуваат потенцијален безбедносен ризик, бидејќи криминалците би можеле да ги искористат за да го уценуваат поранешниот претседател на општинскиот совет. Општинскиот советник Роланд Боман наведе „безбедносни причини“ кога беше прашан за одлуката на SVT. Боман тврдеше дека верува оти Ериксон не ја информирал општината за својата кариера во порно индустријата. „Самата општина е од голем интерес за странските сили, а јас првенствено мислам на Русија. Да се има таков фактор на ранливост во општина што е од големо значење од гледна точка на безбедносната политика не е оптимално, но тоа е нешто што општината би морала да го реши и отстрани“, рече Оле Лундин, професор по административно право на Универзитетот во Упсала. Сепак, Ериксон одговори дека обидот да ја искористи својата порно кариера како средство за уцена би бил „бесмислен“, бидејќи бил отворен во одговарањето на прашања од шведските медиуми кога бил замолен за коментар.Тагови: градоначалник порно актер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook