Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана
2Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана
3Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаСе удави маж во Охридското Езеро во близина на СтругаМаж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело. - По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унијаМакедонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки. -Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија. Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа. На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман. -Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана Се уште е неизвесно дали некој од полициските службеници кај кои беа утврдени пропусти во постапувањето во случаите со семејно насилство во кои животот го загубија Росица Коцева и Ивана Јовановска, ќе понесе и кривична одговорност. Повеќе од една година по убиството на 31-годишната Росица од Велес, која заедно со својот татко беше убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски, а кој потоа си го одзеде и сопствениот живот, се проверува постапувањето на 11 полициски службеници од СВР Велес. Во предметот за Ивана која со својата малолетна ќерка си го одзеде животот, под лупа се 39 полициски службеници кои не постапувале по пријавите за семејно насилство против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски. Досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, тврди дека во двата предмета интензивно се постапува, дека се сослушани голем број лица и дека наскоро се очекува обвинителска одлука. -Во тој предмет се преземени доста дејствија, се сослушани многу осомничени, сведоци, лица кои можат да помогнат во оваа постапка и очекуваме во брзо време јавниот обвинител да донесе соодветна јавнообвинителска одлука. По однос на времетраењето на предметите и преземените дејствија, од секој настан, од секоја кривична пријава зависи. За двата предмети што вие ги спомнавте интензивно се постапува и секако кога ќе ги прибави сите потребни докази и известувања и наредби што ги дал јавниот обвинител, ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука и по овие предмети,- изјави – Ислам Абази – Досегашен шеф на ОЈО ГОКК. Но, новата шефица на ова обвинителството, Искра Хаџи Василева, уште на почетокот на мандатот посочува на проблем во функционирањето на специјализираното одделение кое ги гони полициските службеници. На реакциите околу долгото траење на истрагите, вели дека еден од нејзините приоритети ќе биде прашањето за функционирањето на ова одделение. -Веројатно во иден период треба да се размислува за, во суштинска смисла да се размислува за позицијата на ова одделение и за видот на пристап во однос на одговорноста, бидејќи одговорноста на полициските службеници е широка. Таа имате и дисциплинска и кривично-правна. Мислам дека тука има простор за подобрување, а знам дека и раководителот е на тој став, така што останува тоа да биде едно од прашањата со кои после првите административни ќе се занимава секако и шефот на обвинителството,- изјави – Искра Хаџи Василева – ЈО на ОЈО ГОКК. Хаџи Василева од денеска и официјално ја презеде функцијата шефица на ОЈО ГОКК од Ислам Абази, кој по истекот на мандатот се враќа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Таа порача дека е убедена оти ќе остане имуна на политичките и другите притисоци и дека нема да дозволи интервенции во конкретни предмети. Абази заминува од функцијата со оценка дека обвинителството го водел професионално, законито и непристрасно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникотОстра осуда и повици до институциите за итна разврска- се огласија политичките партии за случајот со претепаната девојка во Охрид. И власта и опозицијата бараат детална истрага и одговорност за сите вмешани лица кои на било каков начин му помогнале на сторителот да го прикрие делото и да помине со поблаги мерки. Од ВМРО-ДПМНЕ со која го поврзуваат семејството Корабоски, преку соопштение го осудија насилството врз 26 годишната Сара и порачаа дека никој не е над законот. Упатија критика до обвинителството зошто по апсењето го пуштиле сторителот на слобода. -Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ пак велат дека блиските релации на семејството со владејачката партија му помогнале на насилникот да помине полесно. Повикаа на протест утре во 18 часот пред СВР Охрид. -Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позициите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара,-Кети Штерјова – Форум на жени на СДСМ. За да се стави крај на покажување на моќ пред системот треба да има поригорозни казни, оценува претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Според неа треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат на сторителот да го прикрие случајот. -Сметам дека обвинителството во ваков случај треба да ги земе сите околности и како правник би барала да се квалификува како обид за убиство а не само како нанесување на телесни повреди. Навистина се гледа дека девојката можеше да биде следната жртва на фемицид. / Чиво сака нека биде, дете на директор, на министер, на кого сака, одговорност пред законот,-Моника Зајкова – претседателка на ЛДП. Се огласи и министерот за правда Јетон Шасивари, кој вели дека полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, привилегии и двојни стандарди, а секое пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Додава дека со новиот Кривичен законик ќе се зајакне заштитата од семејно и родово базирано насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55