Се трага по исчезнатите триесет и двегодишна кумановка и нејзина малолетна ќерка

Семејството, роднините и пријателите речиси месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи“. 

Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32 годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.

Наредните два месеца во Грција ќе се игра фудбал пред празни трибини

До 12 февруари 2024 година, на навивачите ќе им биде забранет влез во натпреварите од фудбалската Суперлига во Грција.

Ова го соопшти портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Ова е конкретен чекор во борбата против хулиганите, кои со децении вршат насилство на трибините.

Последниот инцидент беше виден во четвртокот кога полицаец беше тешко повреден за време на нередите на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Во таа прилика полесно се повредени десетици полицајци, а уапсени се најмалку 400 хулигани.

Оваа одлука важи и за европските натпревари, па ТСЦ во четврток ќе игра против Олимпијакос без присуство на публика.

Израелците со падобрани им доставуваат вода на своите војници во Газа (ВИДЕО)

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција.

Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат, објави Телеграф.

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија “, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, додава тој.

ЛДП: Врвен приоритет останува брзото присоединување кон ЕУ

Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП) вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.

„Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција. За Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство. Од таа причина, како партија која постојано работи во интерес на граѓаните“, истакнаа од ИО на ЛДП.

Од Извршниот одбор на партијата посочија дека јасно е дека политичките партии во трка за поен плус и од популизам не можат да постигнат консензус за спроведување на големи реформи во клучни области, оттука е неопходно да се почне процесот на преговори низ кои ќе се реформира државата. На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.

Извршниот одбор на седницата формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени - Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ - Јелена Мишиќ и член на ИО - Горан Петрушев.

,,Не постои друга алтернатива за земјата, како од политички, така и од економски аспект освен полноправно членство во ЕУ. Целта е брзи реформи, за видлив напредок дома. Мнозинството од граѓаните се за членство во унијата каде и природно припаѓаме.

Извршен одбор на Либерално демократска партија (ЛДП)

притисни ентер