ТехнологијаСе тестира футуристички воз- ќе патуваме ли во лебдечки капсули? (ВИДЕО)Во пустината северно од Лас Вегас, метална цевка се протега во подножјето на планините што може еден ден да направи револуција во патувањата.Станува збор за цевка долга 500 метри на полигонот DevlLoop каде што луѓето се превезуваа за прв пат во ноември 2020 година. И покрај краткотрајноста на „патеката“, тие успеаја да достигнат брзина од 172 км на час. Вирџин Хиперлуп, чии партнери ја вклучуваат Вирџин Групацијата на милијардерот Ричард Брансон, развива технологија на капсули за патници кои ќе поминуваат до 1.200 километри на час низ скоро вакуумски тунели со помош на магнетна левитација. Пред половина година, честа да се биде првиот патник на футуристичкиот воз Hyperloop им припаднаа на Џош Гигел, шефот на технолошкиот развој на компанијата и Сари Лучијан, директор на одделот за патничко искуство. Храброто дуо се возеше во капсула XP-2 што се користи за преткомерцијално тестирање. Капсулите ќе соберат 28 лица и ќе можат да се прилагодат на долги и кратки растојанија и за товарен превоз. Гигел предвидува почеток на комерцијалната употреба најрано во 2027 година. „Тоа може да биде првиот начин на транспорт во последните 100 години што ќе направи револуција во патувањето, како што веќе направија автомобилите, возовите и авионите“, рече Гигел. Идејата за „вакуумски воз“ за првпат е измислена во раните 1900-ти од страна на научникот Роберт Годард. Франција се обиде да го развие во 60-тите и 70-тите години, а интерес повторно покажа и претприемачот Илон Маск во 2013 година. Гилег тогаш работел за Спејс Икс на Маск. Вирџин Хиперлуп планира да изгради мрежа на тунели за поврзување на најголемите градови во светот. Планира прво да развие патнички линии во Индија, чиј превозен систем е претоварен, а потоа и во Саудиска Арабија, каџде што нема инфраструктура. Капсулите на Вирџин ХиперЛуп кон крајот на летото ќе бидат изложени во музејот Смитсонијан како дел од изложбата „ Futures“ во Вашингтон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМицкоски: Сами против ситеСами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter