Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЕвропаСе степаа 100 луѓе во Словачка- дете е во критична состојба, откако доби удар со лопата по глава Шестгодишно момче е хоспитализирано во критична состојба по масовна тепачка што избувна во градот Кромпачи, Словачка.Детето претрпело сериозни повреди на главата и, според достапните информации, било повредено кога се нашло во средината на голем судир, објави Новини. Причина за тепачката била расправија меѓу роднини за храна. Според полициските проценки, околу 100 лица учествувале во тепачката што се случила на улица во населбата Кромпачи. Неколку лица завршиле во болница. Сè започнало како тепачка меѓу блиски роднини, но ситуацијата брзо ескалирала во голем конфликт. Жителите на улицата Хорнадска се вооружиле и почнале да се напаѓаат едни со други со стапови, мачети и лопати. Причината за конфликтот, според сведоштвата на учесниците, била речиси апсурдна. „Сè започна поради храната што ја готвев за мајката на мојот братучед и неговата сестра, сите дојдоа да се тепаат со мене. И кога моите браќа ме видоа како ме тепаат, скокнаа да ме одбранат“, рече Кристина Жалудекова, учесничка во тепачката. Полицијата веднаш реагираше и испрати неколку патроли на местото на настанот. „Јас дури никому не направив ништо, а ме удри со мачета по главата залудно. Веќе не се сеќавам на ништо, само се онесвестив“, рече Милан Жалудек, друг учесник во тепачката. Голем број повредени лица беа згрижени во болницата. „10 лица беа згрижени во хируршката клиника на болницата АГЕЛ Кромпахи, еден маж со умерено тешки повреди беше хоспитализиран на хируршкото одделение“, рече Јармила Шевчикова од болницата. Момче во сериозна состојба Најтешко погодено беше шестгодишно момче, кое се најде во разбеснета толпа луѓе. Еден случаен удар беше доволен за да го собори на земја. Тешко повреденото момче исто така беше пренесено од улицата Хорнадска во болница. Поради сериозноста на повредите, тој не беше задржан во локалната болница, туку итно беше пренесен во Детската универзитетска болница во Кошице. „Сега мојот внук е во Кошице по операцијата. Фала му на Бога. Беше удрен во главата со таа лопата. Не знам што ќе се случи потоа. Но, се надевам дека сега е свесен и дека е подобро“, рече бабата на момчето, Марсела Мачкова. Детето беше итно оперирано и моментално е во Регионалната болница во Кошице, Словачка. Полициските службеници го следеа соседството во текот на целата ноќ. Масовната тепачка сега ја истражуваат кривичните истражители и полицијата на округот Кромпачи. „Истражувачот на полицијата во Спишконово поднесе обвинение против дваесет и едногодишен маж за кривично дело нарушување на јавниот ред и мир во врска со кривично дело предизвикување телесна повреда“, заклучи портпаролката на полицијата.Тагови: Словачка лопата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтотУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис. „Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“. Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14